Најчудните суеверија од целиот свет

Скршеното огледало, забранетото поминување под скали и малата црна мачка која ви го сече патот се само дел од светските суеверија кои се прошириле и кај нас.

najcudnite-sueverija-od-celiot-svet-01.jpg

За овие чудни, неверојатни и по малку бизарни суеверија сигурно до сега не сте слушнале:

1. Во Аргентина изговарањето на името на поранешниот претседател Карлос Менем се смета за несреќа. Затоа при секое негово споменување луѓето 3 пати чукаат во дрво.

2. Во Бразил се смета дека паѓањето на паричникот носи несреќа. Во случај паричникот да ја допре земјата, очекувајте банкрот.

najcudnite-sueverija-od-celiot-svet-02.jpg

3. Во Кина бројот 4 се смета за посебно несреќен, затоа што неговото изговарање е многу слично со зборот смрт. Затоа тие ги избегнуваат сите броеви кои содржат четворки.

4. Данците преку цела година ги собираат садовите кои ќе ги искршат, за на дочекот на Новата година да ги истурат во дворот на своите пријатели. Што поголем куп - толку поголема среќа.

5. Во Индија заради некои стари обичаи миењето и кратењето на косата, како и сечењето на нокти е недозволено во сабота и четврток.

najcudnite-sueverija-od-celiot-svet-03.jpg

6. Египјаните се ежат од отворањето на ножици. Ако ги отвораат, тогаш мораат да исечат нешто, а ако ги остават отворени подолго време доживуваат напади на паника. Исто така, веруваат дека ножиците под перницата на која спиете можат да ве заштитат од кошмари.

7. Во Хаити е тешко да бидеш мајка. Ако вашето дете оди со само една папуча, го чисти подот навечер, ползи или го изеде само врвот на лубеницата, тоа ви носи сигурна смрт.

8. Децата во Јапонија задолжително го кријат својот стомак додека грми, посебно кога одат на спиење, затоа што веруваат дека преку грмењето Господ може да им го изеде папокот.

9. Во Јужна Кореа се уверени дека ако спиете со вклучен вентилатор, тогаш ве чека сигурна смрт.

najcudnite-sueverija-od-celiot-svet-04.jpg

10. Во Виетнам ако изедете банана пред испит - сигурно паѓате, затоа што кората од бананата е лизгава.

11. Турците никогаш не си легнуваат со мастика во уста, затоа што веруваат дека таа ќе се претвори во дел од некој мртов човек.

12. Во Руанда жените не смее да јадат месо од јарец, за да не им израсне брада.

najcudnite-sueverija-od-celiot-svet-05.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава