Бидете среќна црна овца!

Ајде да ја претставиме денешницата како една ливада на која пасат овци. Сите пасат на една ливада бидејќи знаат дека таму тревата е зелена, вкусна и не сакаат да ја напуштат својата комфорна зона, бидејќи се плашат од промени.

bidete-srekna-crna-ovca-01.jpg

Во сите тие бели овци гледате неколку црни кои сакаат да ја напуштат ливадата и почнувате да се дружите со нив, бидејќи сфаќате дека и вие сте една од нив.

Црна овца која не се вклопува во белото стадо.

Црна овца која сака да трага по непознатото, да најде нова уште повкусна трева за пасење, овца која сака да ги оствари своите соништа.

Тргнувате во потрага по нов живот во нов свет заедно со вашите пријатели, овците кои се согласуваат со вас и добро ви одговараат во дружбата.

Заедно ја напуштате ливадата.

Одите бесконечно воодушевени од патувањето и заборавате на дестинацијата, а тоа е да пронајдете нова ливада.

Едноставно уживате.

Еден ден, се потсетувате дека времето изминува и им предложувате на пријателите, црните овци да заминете во правец во кој мислите дека може да ви открие нешто интересно, можеби нова ливада.

Тука доаѓаат првите несогласувања, бидејќи вие за прв пат сте го кажале тоа што го сакате и сте побарале другите да го почитуваат и да ве следат, сигурни дека не грешите.

Сфаќате дека пријателите постојат, се додека живеете според нивниот начин на живот и им ги исполнувате желбите несакајќи да ги разочарате.

Давате, а не добивате ништо за возврат.

Тие ве напуштаат и ви кажуваат дека може да заминете сами доколку сакате, нема да ве следат. Доколку имате среќа тој разговор ќе биде очи во очи, а доколку немате ќе добиете нож во грб.

Нож не во вистинска смисла на зборот, туку нож составен од сплетки, правење потајни работи, зборови кои никогаш нема да ги заборавите или пак дела кои нема да ги разберете, барем не додека не стигнете на ветената ливада.

Разочарани продолжувате по патот, во непознат правец, сами. Без вашите пријатели ако може така да ги наречете.

Продолжувате и по долгото талкање, потпрени на интуицијата и говорот на вашето срце пред вас се појавува голема, зелена ливада, со цвеќиња, високи дрва кои држат сенка од жешкото сонце, река од која секогаш може да се напиете после пасењето и нешто што најповеќе ве воодушевува, гледате овци, црни овци.

Не како тие што биле вашите пријатели, обоените. Овци кои имаат навистина црно влакно и сите пасат заедно, без разлика на сè.

Се чувствувате среќни, исполнети, горди на себеси. Вие сте среќна црна овца која најпосле се вклопила во стадото на кое и припаѓа.

Сте посакале да живеете живот кој го заслужувате, сте тргнале во потрага по него и сте го пронашле. Бидејќи некој некогаш рекол, ако чукаш, ќе ти отворат, ако бараш, ќе најдеш!

Затоа сите вие црни овци кои не се вклопувате во белото стадо, не бидете тажни, бидете среќни бидејќи постои стадо на кое му припаѓате.

Стадо во кое вие ќе бидете една среќна црна овца која безгрижно си пасе меѓу своите!

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава