Обликот на носот открива каква личност сте

Носот е една од оние работи кои први ги забележуваме на луѓето, а според неговиот облик може и да ја процените личноста.

oblikot-na-nosot-otkriva-kakva-licnost-ste-01

Одредете го обликот и откријте ги карактеристиките на личноста:

Широк нос

Ваков нос имаат родените водачи или личности кои имаат силно изразен темперамент. Тоа се одмерени луѓе кои не носат избрзани одлуки и имаат силно влијание на другите луѓе како одлични организатори.

Прчест нос

Ваков нос имаат оптимистичните, љубезни луѓе кои сакаат брзина и покажуваат љубов, им помагаат на другите луѓе. Сакаат да експериментираат и прилично се отворени за сексуални авантури.

Закривен нос

Ваквите луѓе сами си го создаваат патот низ животот и никогаш не ги следат другите. Бунтовни се и не бараат одобрување од околината. Нив не им е грижа што зборуваат луѓето за нив и цврсто стојат зад своите уверувања и идеи.

Голем нос

Колку личностите имаат поголем нос, толку имаат поголема потреба за моќ, водечка позиција и наредување. Егото им е поголемо како и желбата за независна работа. Не сакаат да им наредуваат.

Мал нос

Луѓето со мал нос се најдобри во активностите во кои може да ја користат имагинацијата и да бидат спонтани. Некогаш се нетрпеливи и водат сметка за другите. Секогаш се подготвени да помогнат.

Долг нос

Личности со добро чувство за работа, амбициозни, имаат добар инстинкт и претставуваат водач кој сите би го следеле. Најголемите проблеми им произлегуваат од најсилните квалитети.

Краток нос

Лојални се и грижливи, но им недостига мотивација и амбиција. Немаат емотивна сила за натпреварувачки ситуации и тешко ги поднесуваат луѓето со нагласено его. Емотивни се, добри и чувствителни, но тешко е некој да ги запознае добро.

Рамен нос

Овие личности се интелигентни, многу дисциплинирани и успешни во животот.

Кукаст нос

Овие  личности имаат слични карактеристики со оние кои имаат голем нос, само што кај нив се уште понагласени. Сакат да се чувствуваат важни, го следат својот пат и на нив не може да влијае толпата.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава