15 работи кои треба да ги правите сами и да уживате во нив

Иако сите сакаме да сме опкружени со луѓе, да пиеме кафе со пријатели и да ги споделиме најновите проблеми и успеси, постојат моменти во кои самотијата е предност.

15-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-sami-i-da-uzivate-vo-niv-01.jpg

Освен што ќе си ги наполните батериите и ќе поминете квалитетно време сами со себе, во овие моменти сигурно ќе откриете некоја нова љубов, страст, задоволство...

1. Одвојте си еден ден само за себе, кога сами ќе отидете на кино и ќе гледате некој филм по ваша желба без да треба да правите компромис со пријателите или партнерот. Не заборавајте гласно да се изнасмеете или од срце да заплачете.

2. Патувајте сами, на некои нови места. Кога патувате во група, веројатно туѓите желби ги ставате пред вашите само затоа што сакате да ги избегнете конфликтите. Затоа, следен пат тргнете сами и уживајте во авантурите кои сами ќе си ги испланирате.

3. Ако немате со кого да одите на вечера, а сакате да се разгалите, зошто да не отидете сами? Земете си некоја интересна книга и пробајте телефонот да го држите малку подалеку од вас.

4. Одете во прошетка низ најблискиот музеј. Никогаш не знаете какви чувства ќе ви разбуди навраќањето на минатото.

5. Издвојте време и пари и дозволете си спа задоволство или масажа. Доволно е ова да го направите 2 пати во месецот.

6. Посетете ја најблиската библиотека и заборавете на времето. Ќе видите колку опоен може да биде мирисот на книгата.

15-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-sami-i-da-uzivate-vo-niv-02.jpg

7. Влезете во омиленото кафуле, нарачајте вкусно кафе и десерт и набљудувајте ги луѓето. Ќе се изненадите колку различни карактери се наоѓаат на едно место.

8. Решавајте тестови, квизови, судоку, затоа што тоа е единствениот начин на кој ќе го поттикнете мозокот да работи во правилна насока.

9. Одете на јавање во природа. Не мора да имате пријатели покрај себе, доволно е длабоко да ја вдишите природата.

10. Експериментирајте во кујната или испробајте некој рецепт кој неодамна го прочитавте.

11. Легнете на трева и набљудувајте го светот од таа перспектива.

12. Испробајте некоја нова вежба. Не мора да биде комплицирана, доволно е да знаете дека сте направиле нешто ново и поинакво.

15-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-sami-i-da-uzivate-vo-niv-03.jpg

13. Одете сами на шопинг, затоа што нема подобра стрес терапија.

14. Отворете го стариот албум и потсетете се на времето кога бевте бебе, дете или тинејџер. Уживајте во едноставноста на животот баш како тогаш.

15. Наполнете ја кадата, пуштете музика и уживајте во најдолгиот ритуал кој некогаш сте си го дозволиле.

Дури тогаш ќе сфатите - животот е прекрасен!

Што правите вие кога останувате сами?

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава