Каде на меден месец?

kade-na-meden-mesec-povekjeНаместо опуштање во егзотични места или крстарења, многу парови медениот месец се одлучуваат да го поминат во некој од популарните градови кои овозможуваат...

 

...откривање на културата, животот и забавата во овие места. Погледнете кои не најубавите европски градови кои младите најчесто ги одбираат како дестинација за нивниот меден месец.

1. Барселона

Ако верувате дека љубовта доаѓа преку желудникот и брачното патување сакате да го запомните по добриот ноќен живот, Барселона е вистинско место за вас. Не пропуштајте да вкусите шкампи во сос од лук, октопод на жар или тенко сецкана шунка и пршут.

kade-na-meden-mesec-barselona

Задолжително напијте се барем чашка шпанско црвено вино. Барселона е позната како метропола на архитектонскиот модернизам па затоа задолжително посетете ги најзначајните дела на Антонио Гауди. И секако магичните фонтани!

2. Париз

Не е тајна дека овој романтичен град привлекува љубовници од целиот свет. Иако можеби звучи премногу туристички, ако одлучите да го поминете медениот месец во Париз својот партнер задолжително одведете го на Ајфеловата кула.

kade-na-meden-mesec-paris

Погледот на реката Сена, прошетка во паркот Луксембург, црквата Светото Срце ќе го направат вашето патување незаборавно и романтично.

3. Прага

Најстариот дел од градот датира од 12-ти век. Тесните улички, средновековни градини, Карловиот мост каде треба да се бакнете за вечна љубов, безброј цркви...

kade-na-meden-mesec-praga

Прага е еден прекрасен град. Ако сте љубители на џезот Прага нуди безброј џез клубови. А, секако за љубителите на пивото тука се Чешките пивници.

4. Единбург

Градот на УНЕСКО е совршен за парови кои умеат да сонуваат. Неизоставен дел од градот е улицата Royal Mile, која се протега од единбуршкиот дворец на шкотската резиденција на британското кралско семејство Palace of Holyroodhouse.

kade-na-meden-mesec-edinburg

Историските знаменитости, дуќани, кафулиња, пабови и ресторани кои се сместени само во овој дел можат да ве забавуваат една седмица. Вистинското лице на Единбург се неговите фестивали на уметност.

5. Фиренца

Најубавата кујна на светот и најубавото тосканско вино Chianti ќе ги најдете во Фиренца. Местото на вечна ренесанса, романтични улици, раскошни паркови кои сепак поради спарната клима треба да ги избегнувате во летниот период.

kade-na-meden-mesec-firenca

Посетете ја катедралата Дуомо и една од најбогатите светски галерии според вредноста на уметничките дела, Uffizi, Микеланџеловиот Давид и мостот Ponte Vecchio.

Би можело да ве интересира:

Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Детали за најчудниот љубовен триаголник во НАСА: Астронаутка со чекан и пиштол сакала да ја убие љуб... Само неколку месеци откако се вратила од Меѓународната вселенска станица, астрон...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Луѓе од Лондон мака мачат со инфлуенсерките: Се фотографираат пред нивната куќа, оставаат ѓубре, ги ... „Почнаа да доаѓаат инфлуенсерки и луѓе со професионални фотографи. Си носат прен...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
15 фотки што ќе ве излудат ако сте перфекционист Коцки за играње со несиметрични точки, капак за тоалетна школка со различна форм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg