Најчудни огласи на светот

najcudni-oglasi-na-svetot-povekjeАко мислевте дека “се откажувам од синот или ќерката“ е чуден оглас на нареднава листа ќе можете да видите што се може да се најде на огласните листи низ светот.

 

Менувам електрична гитара за плинска, од прилика би бил еден од уличните огласи но, овие се навистина пософистицирани. Уверете се и сами!

1. Барам возрасен пијан кловн за 30-ти роденденnajcudnite-oglasi-na-svetot
“Тој мора да биде добар во пиење и глупирање и да пие како смок. Ние ќе кружиме низ клубовите и сакаме со нас да шета кловн кој ќе пие жестоко. Дури и не мора да се дружи со никој - само треба да пие!“

2. Се бара: пони коњче
“Син ми наскоро слави роденден и ќе има многу деца па си мислев да набавам пони коњче. Ако имате и сакате да го продадете ќе ве молам веднаш да почнете да го подготвите за скара затоа што сакам да го маринирам на време со цел да има добар вкус кога ќе го земам“.

3. Сакам сок од портокал
“Давам 2$ + трошоци ако ми доставите сок од портокал со сметка. Премногу сум мрзлив за да си купам сам. Живеам во пределот кај факултетот во Елона. Фала. “

4. Жена што ќе ми седи во када
“Плаќам 1$ за жена која ќе седи во мојата када во едноделен костим за капење. Јас нема да бидам дома ниту пак ќе има некој додека го правиш тоа. Клучевите ќе ги оставам, а ти слободно уживај“

5. Имам големо купатило
“Жена сум во 60-тите години и барам со-станар. Ми требаат пари. Подготвена сум да го изнајмам купатилото кое е големо и можете без проблем да ставите душек во него. Се што барам е да ниту вие ниту душекот не бидете внатре кога мене ми треба да купатилото. И, ве молам не сакам да ми се шетате низ дневната соба - не сакам странци.“

6. Ми треба некој да ми ги сокрие велигденските јајца
“Ќе бидам отсутен и сакам некој да ми ги сокрие велигденските јајца додека не сум дома. Сакам да ги барам само во недела. Подготвен сум да платам! Само сериозни понуди!“

7. Ти ја украдов чантата и почувствував поврзаност
“Во вторникот навечер околу 23:30 излезе од подземната железница и јас те следев. Погледна позади, ме здогледа и почна да се движиш побрзо. Се затрчав, те зграпчив за рака, ти ја земав чантата и побегнав. До сега сум го правел ова многу пати, но ниту една не ми останала вака во сеќавање. Во моментот кога ни се сретнаа погледите почувствував нешто силно. Мислам дека и ти го почувствува истото. Па Џенифер ако сакаш да одиме на пијачка јави се!“

8. Барам деверуши
“Мојот вереник има 8 девери, а јас само една. Ми требаат атрактивни девојки кои ќе стојат покрај мене на мојата венчавка. Морате добро да изгледате, но не подобро од мене.“

9. Моите заби
“Ја оставив протезата во твојот Шевролет вчера вечер. Ти дадов број, но не го добив твојот. Те молам јави ми се поскоро ми требаат моите заби! Седевме на паркинг кај мексиканскиот ресторан Маргарита Џонс. Јави ми се најитно! Фала!“

10. Личен СМС асистент
“Добивам 40-50 СМС пораки на час и неможам да постигнам да си ги извршам обврските. Мобилниот ми се полни од пораки и мора да се бришат на неколку часа. Ова е работа со полно работно време и морате да одите секаде со мене. Само сериозни понуди!“

Би можело да ве интересира:

Стив Џобс и уште 4 неверојатно успешни луѓе без факултет Во свет кој често ја нагласува важноста на формалното образование, инспиративно ...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
Најповлечениот милијардер, второто најбогато семејство на светот: Кои се богаташите што се „кријат“ ... Филип Аншуц е нарекуван „најповлечениот милијардер во Америка“, а тој е личноста...
Работи кои се нормални во Јапонија, но на туристите им изгледаат како од друг универзум Купуваат лекови скршени на половинка, кога врне си земаат чадор од автобус па го...
Сопругот ја убил, нејзиниот дух помогнал во решавањето на случајот: Морничавата приказна на Елва Хес... Постојат многу застрашувачки, тажни, но и бизарни приказни за натприродни појави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg