Животни лекции кои ги научивме од злобните ликови на Дизни

Сите ги сакаат дизниевите принцези. Тие се благодарни, убави, слатки, но кој вели дека не можеме ништо да научиме за животот од лошите и злобни цртани ликови?

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-1

Овие 10 дизниеви ликови го прават лошото да изгледа добро, па затоа инспирирајте се од нив за сите ваши идни акции:


1. Суетата ќе ве полуди и ќе ве натера да правите глупави работи -
Злобната кралица од „Снежана и 7те џуџиња”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite2

Ако злобната кралица од цртаниот филм „Снежана и 7-те џуџиња” беше подобра личност, таа немаше да има проблем со магичното огледало и секако ќе беше најубавата жена. Но, наместо тоа таа полуде и фрли магија која ја направи стара и грда, со надеж дека ќе ја убие Снежана. Секако наместо тоа, таа едноставно можеше да си фрли себеси магија и да се направи поубава, зарем не?


2. Можете да ја надминете траумата за да направите добри дела -
Злобната кралица во „Maleficent”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-3

Ако сѐ уште го немате гледано овој филм, сторете го тоа, бидејќи тој навистина покажува една интересна животна лекција која вреди да се знае. Злобната кралица поминува низ нешто навистина ужасно и станува убиец, сѐ до самиот крај кога ја согледува моќта на љубовта и ја преживува траумата, што доведува до добро дело.


3. Никогаш не се откажувај од соништата -
Капетан Кука во „Петар Пан”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-4

Единствената цел на капетан Кука беше да го победи и порази Петар Пан. Тој секако можеше да се откаже и да го остави Пан слободно да живее, но се бореше до самиот крај.


4. Сакај го своето тело –
Урсула „Ариел”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-5

Од сите женски дизни ликови, Урсула поседува најпозитивни фотографии од своето тело. Таа можеби не носи совршен конфекциски број, но сепак изгледа гламурозно и не се срами да ги покаже своите облини.


5. Умеј да раководиш со своите непријатни страни -
 з
лобните посестри во „Пепелашка”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-6

Да, тие се несмасни, злобни, но убаво ги контролираат своите непријатни страни. Можеби нивните стапала се големи, темпераментот детски, но тие претставуваат сѐ што имаме и поседуваме.


6. Посвети се на кариерата -
Круела Де Вил „101 Далматинец”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-8

Круела е независна жена на која не и страв да направи било што за својата кариера. Во ред е да бидете посветени на кариерата и не треба да бидете преплашени од преземање на ризици.


7. Биди лојален на своето семејство –
Скар „Кралот лав”

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-dizni-crtanite-9

Ликот на Скар е употребен да демонстрира колку е навистина важно да се избегнат препирките и еден вид на натпревар помеѓу браќата или сестрите, што е одлична лекција за родителите при воспитувањето на децата. Најважно од сѐ е да се остане лојален на семејството. 

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава