Биди спонтан, прави го невозможното!

Биди спонтан бидејќи рутината ќе те убие, а пред  да умреш ќе те претвори во жив мртовец кој чекори во круг сè додека не му се сврти во главата и не се онесвести засекогаш.

bidi-spontan-pravi-go-nevozmoznoto-1

Зошто да бидеш предвидлив, кога непредвидливоста ти дава адреналин, ги изненадува другите околу тебе, те изненадува тебе, ти покажува дека твоите граници сепак имаат еластичност која им овозможува да се прошират до бесконечност, колку што можеш и не можеш да замислиш...

Зошто да го правиш само возможното кога човекот е создаден да се соочи со еден предизвик наречен „невозможно”?

Биди ти тој што ќе го избрише тоа „не” пред зборот невозможно и продолжи да правиш така со сите невозможни предизвици во животот.

Бриши го зборот „не” пред нив, неприфаќајќи „не” за одговор, никогаш!

Спиј мирно, но живеј бурно!

Единствено правило кое е најправилно од сите правила. Нормално дека секој посакува мирен сон и јаве исполнето со возбудливи моменти кои го полнат неговото срце со среќа и адреналин.

- Сакаш да скокаш со падобран, скокај!

- Сакаш да ја добиеш работата од соништата, потруди се!

- Сакаш да ја пронајдеш вистинската личност, биди вистинската личност!

- Сакаш да бидеш среќен и исполнет, прави го невозможното!

- Сакаш да ги оствариш соништата, разбуди се и почни да работиш на нив!

- Сакаш да спиеш мирно, биди чесен, живеј бурно за своја душа, не се осврнувај кон животот на другите и живеј само за себеси, бидејќи никој не живее за тебе.

Спонтаноста и остварувањето на невозможното ќе ти покажат дека сè е возможно, треба само да посакаш да го оствариш!

bidi-spontan-pravi-go-nevozmoznoto-2

Што е невозможно за вас?

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава