5 Брилијантни лекции кои можете да ги научите од Ким Кардашијан

Таа не е ниту актерка, ниту пеачка, ниту манекенка, па како и да ја наречете едно е сигурно: Ким успеа да се искачи на врвот.

5-brilijantni-lekcii-koi-mozete-da-gi-naucite-od-kim-kardashian-1

Сѐ започна со еден порно филм, а потоа и реалити шоу, па линија на облека, парфем и така започна да ги добива симпатиите кај поголемиот дел од луѓето.

Погледнете што можете да научите од Ким Кардашијан:


1. Како секоја ситуацијата да ја претворите во моќен бизнис потег:

Овие денови токму секс филмовите се маркетинг алатки со кои многу луѓе влегуваат во светот на познатите, а истото го направи и Ким во 2007-та година. После оваа година Ким игра паметно, односно ги тужеше Вивид Ентертејмент за објавување на нејзиниот филм и добива 5 милиони долари. Дури потоа започна Ким брендот кој се состои од: Слава, материјализам и многу сексуалност. Тоа е нешто што ги фасцинира луѓето.


2. Како да ја поседувате својата сексуалност:

Ким тврди дека таа не е славна само заради порно филмот, туку и заради тоа што умее да ја поседува целосно својата сексуалност, а тоа не го може секој. Токму и затоа публиката ги притиска ваквиот тип на луѓе, како Ким,  во јавноста бидејќи преку нив се дефинираме на некој начин. Познатите луѓе на еден начин живеат надвор од своите комфор зони и едноставно ги заробуваме во еден поинаков кафез.


3. Знае како да зборува за женското тело и да го поддржува:

После бременоста на својот Твитер профил Ким го објави следново:

„Имајте живот! Користите мои фотографии од пред да родам дете и ме споредувате со сега! Секоја жена која имала бебе знае колку е тешко да се отстранат вишокот на килограми и знаат дека телото целосно се менува. Срамота е да ме исмејувате мене додека сум бремена и потоа повторно откако ќе се обидам да ги изгубам вишокот килограми. Јас не сум совршена и никогаш нема да ги исполнувам вашите стандарди за витко тело! Не им правете комплекси на младите девојки!”

Нејзината убавина секако и помага да оствари профит, но таа има и посебна харизма и сјај кои исто така и помагаат при важните дијалози со културните идеали за формата на телото.


4. Како да бидеш сопствен маркетинг тим:

Мора да признаеме дека Ким има навистина паметни потези. Нејзината најдобра реклама е да биде тоа што навистина е. Без никаква креативна работа за промовирање, освен нејзиното реалити шоу, Ким употребува социјални мрежи исто како и сите останати кои се обидуваат да бидат славни.


5. Како да успеете да се пробиете преку нетрадиционална патека:

Многу луѓе се потпираат на традиционалните начини за успех, односно се обидуваат со дополнителна, односно хонорарна работа. Од друга страна пак Ким, добро ја познава својата публика и таа навистина знае како да допре до нив. Па затоа, треба само да продолжите да се обидувате и да се држите до сопствената цел.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава