12 причини зошто растењето со брат ве прави посилна жена

Да се има брат е едно од најголемите богатства во животот што може да ги добиете, ако имате среќа. Иако понекогаш ќе ве полудуваат, ќе помислувате колку би ви бил убав животот да не мора да ја делите собата со него или дека не знаете зошто воопшто постои, длабоко во себе го сакате бескрајно.

14-pricini-zosto-rastenjeto-so-brat-ve-pravi-posilna-zena-001

Во моментите на слабост ќе сфатите дека не би можеле да си го замислите животот без него. А ако подобро размислите ќе се сетите на сите ситуации од кој ве извадил, ви помогнал, ве посоветувал или едноставно ви бил пример за функционирање на машкиот мозок.

Токму тие примери кои сакајќи или не можете да ги видите ве учат на многу лекции заради кои станувате посилна жена.

Ова се само дел од причините поради кои треба да сте благодарни што имате брат:

1. Учите уште од рана возраст како треба да се справувате со мажите

Откривате како функционира машкиот мозок. Тие знаат да бидат и многу комплицирани, но ако имате брат, тој може во секое време да ви помогне за да го најдете вистинското решение. Кога разговара со вас тој е повеќе брат, отколку типичен маж.


2. Станувате потрпелива

Покажувате трпение и толеранција која не сте ни свесни дека ја имате. Кога вашиот брат прави глупости, вие сте тие кои се обидувате да ја смирите ситуацијата. Исто и во врската.


3. Станувате поборбена

Ништо нема подобро да ве научи како да се борите од тоа да имате брат. Како што секогаш мора да се борите за да му докажете дека сте во право или да го добиете тоа што сакате од родителите, така ќе знаете како да се борите и за врската.


4. Вие сте главна

Ако растете со брат, без разлика дали е помал или постар, грижата кон вас често го прави попустлив, па ви дозволува да бидете главна. Така учите како да се истакнете и на работното место и како да се поставите пред момчето.


5. Учите да се справите со сè

Сигурно многупати сте се нашле во ситуација кога не ви помогнало ниту плачењето ниту занесувањето во решавање на меѓусебните проблеми. Тогаш учите дека мора да се исправите гордо со крената глава и да се соочите со ситуацијата.


6. Братот ве учи што сакате од партнерот

Вашиот најдобар водич до совршеното момче доаѓа од искуството кое го имате со братот. Ако сте поблиски и тој се однесува добро кон вас, нема да се задоволите со ништо полошо однесување од страна на момчето. Со братот ги градите критериумите.

14-pricini-zosto-rastenjeto-so-brat-ve-pravi-posilna-zena-01.jpg

7. Можете да се воздржите

Без разлика колку се расправате, сепак преку тоа учите како да се поставите себеси во секоја ситуација. Можеби тие се посилни, но вие природно се справувате со секоја ситуација.


8. Ако сте во неволја знаете точно на кого може да му се јавите

Не е дека вие не знаете да се справите со нешто, но добро е да знаете дека некој секогаш би направил сè за вас.


9. Знаете што е добар маж

Растејќи со добар маж, учите каков треба да биде и вашиот иден сопруг. Братот ве учи како треба да бидете почитувана и сакана.


10. Вие ги учите нив како треба да се почитува жената

Со тоа учите и како самите да се почитувате. Гледајќи го примерот од вас, вашиот брат нема никогаш да се однесува лошо кон некоја девојка, зашто ќе помисли како би било некој друг така да се однесува кон неговата сестра.


11. Учите како да го добите тоа што го сакате

Вие сте извежбана во карање и дебатирање повеќе од која било друга. Издржувате тоа да трае и трае додека не го добиете тоа што го сакате. Учите како да се надмудрувате и да успеете во намерата.


12. Го барате она што го сакате

Растејќи покрај машко уште од најмала возраст, учите за сите нивни потреби и карактерни особини, па се навикнувате на сè што е типично машко. Притоа ги учите и сите начини како да го побарате за да го добиете она што го сакате.

14-pricini-zosto-rastenjeto-so-brat-ve-pravi-posilna-zena-3.jpg

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава