Молкот е одговор кога...

Понекогаш зборовите се излишни, кога погледот кажува се, односно молкот кој секогаш се смета за еден вид на одговор на некои прашања кои не заслужуваат да бидат одговорени или ситуации да не бидат искоментирани.

molkot-e-odgovor-koga-1

 Ова се дел од тие прашања и ситуации во кои молкот е одговор.

- Молкот е одговор кога некој те прашува која е висината на твојата плата на работа.

- Молкот е одговор кога твојот партнер заминува до тоалет, а дечкото/девојката кој/а што стоел/а до вас се нуди да ви го плати пијалокот.

- Молкот е одговор кога бившиот партнер ќе ве праша зошто не сакате да се смирите повторно.

- Молкот е одговор кога ти поставуваат прашања на интимна тема, како на пример со колку девојки/ момчиња си имал/ а секс?

- Молкот е одговор кога мајка ти те прашува зошто не стануваш рано во викенд.

- Молкот е одговор кога брат ти или сестра ти бара твоја дозвола за користење на твојот скап парфем или брендирано парче на облека, тие едноставно не се делат.

- Молкот е одговор кога те прашуваат зошто си останал дома за викенд после испитна сесија.

- Молкот е одговор кога ќе те прашаат зошто обожаваш брзо возење.

- Молкот е одговор кога ќе те прашаат зошто си го одбрал баш тоа твое хоби.

- Молкот е одговор кога ќе бараат да им објаснеш зошто си ја избраш твојата професија, едноставно за неа си роден, како би го објаснил тоа?

- Молкот е одговор кога момчето/ девојката постојано те прашува дали го/ ја имаш изневерено во врската, а постојано сте заедно.

- Молкот е одговор кога мајка ти ќе те праша како не ти досади да седеш цел ден пред компјутер.

- Молкот е одговор кога татко ти ќе те праша дали сакаш да ја искосиш тревата, да го прошеташ кучето во дождлив ден или пак да го измиеш автомобилот.

- Молкот е одговор кога соседите се интересираат за твојот љубовен живот и оценките на факултет.

- Молкот е одговор кога ти е поставено прашање за семејни проблеми кои треба да останат семејни.

- Молкот е одговор кога ќе те прашаат зошто баш тој бренд на цигари си одбрал да го пушиш.

- Молкот е одговор кога ќе те прашаат што те привлекло толку многу кај твојот долгогодишен партнер.

- Молкот е одговор кога колешката/ колегата ќе те праша каков е сопругот/ сопругата во кревет.

- Молкот е одговор кога таксистот ќе те праша дали да те остави точно пред врата.

- Молкот е одговор во ситуација кога јадете, а некој ви досадува со прашања поврзани со диета или со вашата тежина.

- Молкот е одговор кога некој ве советува дека вашите соништа не се реални и ве прашува дали ќе го послушате неговиот совет и да се откажете од нив.

- Молкот е одговор кога родителите ќе те прашаат зошто сè уште не си омажена/оженет, зарем не им завидуваш на пријателите кои веќе рипнале во тавче?

- Молкот е одговор кога некој ќе ве праша зошто пиете алкохол.

- Молкот е одговор кога некој ви кажува како да го живеете правилно вашиот живот и ве прашува дали ќе се согласите со неговото мислење и став дека сè што правите цел живот е погрешно.

- Молкот е одговор кога самите ќе се запрашате зошто сакате секс.

Во кои ситуации за вас молкот е одговор?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава