Ова се карактеристиките на саркастичните личности, дали сте една од нив?

Понекогаш сарказмот е дозволен, во ограничени мерки за одредени личности, но не секогаш, спрема сите околу вас.

ova-se-karakteristikite-na-sarkasticnite-licnosti-dali-ste-edna-od-niv-1

 Ова се карактеристиките на саркастичните личности кај кои сарказмот наликува на супер моќ, па проверете дали таа моќ ја поседувате и вие.

- Може да препознаете кога некој ве лаже и веднаш му го кажувате тоа во лице, без страв, камоли пак срам, тој треба да се срами што ве лаже.

- Читањето меѓу редови е вашиот прв талент, а смислата за хумор и иронија се вашиот втор најдобар талент.

- Едноставно не возвраќате на навреди, само се насмевнувате и заминувате!

- Се гордеете со својата интелигенција и не чувствувате срам да го кажете тоа на глас!

- Секогаш ги погодувате луѓето во нивната најслаба точка кога се прават силни, чисто колку да им покажете дека секој има своја слабост.

- Не ги навредувате личностите кои не се достојни за вашата навреда, едноставно не сакате да си ги трошите зборовите на нив, а камоли пак драгоценото време.

- Способни сте да кажете на глас сè што им пречи на другите, а не го кажуваат, како на пример дека музиката во клубот е катастрофа.

- Кога некој кажува нереални лаги, го поттикнувате да се занесува уште повеќе гледајќи го заинтересирано со отворена уста.

- Никогаш не се расправате со факти, на маса ги вадите аргументите и расправијата завршува!

- Не дозволувате да ве критикуваат, бидејќи вие знаете што е најдобро за вас!

- Мразите глупави и некултурни луѓе и им го кажувате тоа со поглед...

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава