14 генијални решенија за уништената облека

Како да се ослободите од трагите од кармин или пудра, дупчињата на омилениот џемпер, огромните дамки од вино?

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-002.jpg

Генијални решенија кои веројатно никогаш немаше да ви паднат на памет.

1. Ако не сакате џемперите да ви се распараат, ставете ги во фрижидер на кратко. Ова посебно се однесува на омилените џемпери од кашмир и волна.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-01.jpg


2.
Истото можете да го направите и со фармерките кои примиле непријатни мириси. Спакувајте ги во пластична кеса и ставете ги во замрзнувач барем половина час.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-02.jpg


3.
Флеките на облеката исчистете ги со сок од лимон или сода бикарбона. Исцедете сок или посипете малку сода на местото, истријте или почекајте да отстои, а потоа исперете. Само не заборавајте на внатрешната страна да проверите дали облеката лесно избледува.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-06.jpg


4.
Трагите од дезодоранс на маиците можете да ги отстраните со парче фармерки. Буквално, земете ја ногавицата од фармерките и пребришете.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-07.jpg


5.
Трагите од пудра можете да ги исчистите со пена за бричење. Ако случајно ја закачите блузата или кошулата со валкани прсти, намачкајте го местото со пена, па потоа исперете.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-03.jpg


6.
Со лак за коса може да го исчистите карминот од облеката. Раширете ја маицата или било кое парче облека, испрскајте го исфлеканото место со лак за коса, оставете да отстои 10тина минути, а потоа исперете.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-09.jpg


7.
Лакот за нокти може да биде прва помош за скршените очила или за копчето кое почнало да се одшива. Намачкајте на местото, почекајте неколку минути и износете ги очилата или омилената блуза со копчиња барем уште 2-3 пати пред да ги поправите.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-04.jpg

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-10.jpg


8.
Сувите дамки од кал никогаш не ги потопувајте во вода. Наместо тоа, истријте ги со турпија за нокти.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-05.jpg


9.
Ако случајно сте ги изгребале кожните чевли, ублажете ја гребаницата со помош на хидратантна крема за лице. Баш како што го штити лицето од пукање, така ќе ги заштити и кожните обувки.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-13.jpg


10.
Кога жицата од градникот ќе излезе и чувствувате дека ве боцка право во градниот кош, наместо да го фрлите, вратете ја жицата и залепете фластер.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-16.jpg


11.
Сопрете го кинењето на најлонските хулахопки така што на местото ќе нанесете лак за нокти. Имајте на ум дека хулахопките мора да се облечени.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-17.jpg


12.
Не ви работи патентот? Не паничете и не ги соблекувајте фармерките. Ставете малку вазелин или масло за тело на едно стапче за уши, подмачкајте и пробајте повторно да го закопчате.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-18.jpg


13.
Истурете малку сода бикарбона во патики со кои тренирате. Содата ги елиминира непријатните мириси.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-14.jpg


14.
Со четка за заби и малку оцет исполирајте ги кожните обувки. Речиси сите дамки ќе исчезнат.

14-genijalni-resenija-za-unistenata-obleka-11.jpg

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава