Работи за кои ќе зажалите по 20 години

Некои работи се важни да ги забележите или направите во моментот кога се случуваат за да не зажалите подоцна. За жал, на помлади години, најчесто поради неискуството, степенот на толеранција е многу поголем, па повеќето работи се потиснуваат, се избегнуваат или одложуваат затоа што сметате дека има време, животот е пред вас.

raboti-za-koi-ke-zazalite-po-20-godini-01

Но, некои прилики се појавуваат само еднаш, а некои работи колку побрзо ги научите и примените, толку подобар ќе ви биде остатокот од животот.

Ова се некои работи за кои сигурно ќе зажалите по 20 години ако не ги направите:

1. Ќе зажалите затоа што не сте го кажале на глас тоа што требало

Луѓето околу вас не се телепати за да ви влезат во мислите, ниту ќе ви дадат нешто без да побарате. Нема потреба да се премолчуваат работите само поради мир во куќа или добра работна атмосфера. Работите мора да бидат јасни, ако не сакате премолчувајќи да си наштетите себеси.


2. Ќе зажалите затоа што не сте верувале доволно во себе

Несигурноста е честа појава, во секој поглед. Без разлика дали се однесува на вашиот надворешен изглед, привлечноста или способноста за извршување на некоја работа, мора да верувате во себе ако сакате и другите да веруваат во вас. Самодовербата е нешто што се забележува на прв поглед и не може да се одглуми.

raboti-za-koi-ke-zazalite-po-20-godini-10.jpg

3. Ќе зажалите ако не сте го работеле она што сте го сакале

Многумина работат добро платена работа во која не уживаат или слабо платена работа, затоа што мораат. Но, нема поголемо зло што може да си го нанесете ако знаете што сакате да работите и не се потрудите да се докажете, без разлика на сите препреки. Оној што го работи тоа што го сака секогаш успева и да заработи и да биде среќен.


4. Ќе зажалите што не сте се грижеле доволно за здравјето

Сè што правите во младоста ви се рефлектира во староста. Тоа што уживате да живеете нездраво, лудо и откачено може скапо да ве чини подоцна. Претерувањето во што било може подоцна да се одрази на вашето здравје и да ви биде криво, но да не можете да го вратите времето. Затоа внимавајте.


5. Ќе зажалите што сте се грижеле за неважни работи

Колку ви е важно општо во животот што сте почекале 5 минути подолго во редот во банка или што ви претекло кафето? Веќе следниот ден заборавате што се случило. Тогаш зошто да си предизвикувате стресови за нешто што воопшто не е важно и што им се случува на сите? Подобро е пред да се изнервирате да разлмислите дали тоа ви вреди во животот за да си ги трошите нервите.

raboti-za-koi-ke-zazalite-po-20-godini-4.jpg

6. Ќе зажалите ако саканите блиски луѓе сте ги оставале на последно место

Додека пред другите се претставувате како фини, мирни и расположени, а во себе вриете и полудувате од лутина, подоцна сето тоа и без повод го истурате на најблиските, кои воопшто не ви се виновни. За да се прикажете во добро светло пред другите, најблиските го добиваат најлошото од вас, а тоа воопшто не е фер.


7. Ќе зажалите што сте носеле маска за да ги воодушевите другите

Ако често сте глумеле фраери или жртви само за да се вклопите во нечие друштво, тоа ви е најголема грешка. На тој начин само живеете лажен живот и го пропуштате она што реално го сакате или го трпите она што ви пречи. Извадете ја маската и покажете го вистинското лице, па видете кој навистина ве прифаќа.


8. Ќе зажалите ако секогаш сте ги слушале само другите, наместо себе

Додека се обидувате да ги исполните желбите на родителите, шефовите, партнерите... се заборавате или игнорирате себеси и само извршувате наредби. Вашиот живот зависи само од вас и затоа вие сте одговорни како ќе ви се одвива и што ќе постигнете.

raboti-za-koi-ke-zazalite-po-20-godini-3.jpg

9. Ќе зажалите ако не сте го живееле секој момент

Минатото е минато, а иднината сè уште не дошла. Не ги одложувајте работите за подобри времиња, не ги оставајте желбите на чекање. Можеби нема веднаш да ви се остварат, но важно е секојдневно и постојано да работите на нив. Живејте го животот максимално и искористете го секој ден до максимум.


10. Ќе зажалите што сте чекале работите сами да ви се случат

Сите имаме планови и цели, но ако ништо не преземеме, нема да ни се остварат. Ако имате навика постојано да ги одложувате работите и да чекате дека ако треба сами ќе се остварат, тогаш никогаш нема да ги дочекате. За она што го сакате треба да се потрудите и да го остварите, макар и да ви е потребно подолго време или повеќе чекори. Единствено вие сте одговорни за случувањата кои ги дозволувате во сопствениот живот.

raboti-za-koi-ke-zazalite-po-20-godini-1.jpg

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg