Дали во вас се крие гениј? Големите умови имаат една заедничка особина

Знаете ли што имаат заедничко Чарлс Дарвин, Јохан Волфганг фон Гете и Марсел Пруст? Освен што биле генијалци, биле и чувствителни на бучава. Покрај тоа, за работата им била потребна потполна самотија, без луѓе, силна светлина или звуци.

dali-vo-vas-se-krie-genij-golemite-umovi-imaat-edna-zaednicka-osobina-01

Иако се верува дека оние кои лесно губат концентрација не се толку успешни во својата работа и не се многу креативни, новите истражувања покажуваат дека токму тоа е тајната на генијалните луѓе.

На креативните луѓе со висок коефициент на интелигенција бучавата им пречи повеќе отколку на оние кои имаат просечен IQ, потврдуваат некои психолози. Тие го проучуваат феноменот на „сензорски врати“, кој открива колку информации од околината може да продрат во еден момент во човечкиот мозок.

Мозокот најчесто ги филтрира непотребните информации, па луѓето кои имаат послаби „сензорски врати“ постојано се борат да ги елиминираат од свеста тие непотребни информации, како на пример чукањето на часовникот или гласовите кои се слушаат во далечина.

Научниците веруваат дека ваквата преголема чувствителност, всушност допринесува за креативна инспирација, бидејќи го проширува опсегот на внимание.

Луѓето кои впиваат повеќе информации од околината се склони да забележуваат нови и необични врски помеѓу различни информации.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава