Фејсбук не е виновен за пропаднатите врски, туку луѓето...

Често слушаме како луѓето велат дека Фејсбукот им ја уништил нивната врска, но зарем пред да постои оваа социјална мрежа луѓето беа само во среќни врски?

fejsbuk-ne-e-vinoven-za-propadnatite-vrski-tuku-lugjeto-1

Мора да признаеме дека ниту Фејсбук, ниту порното, ниту стриптиз баровите не се виновниците за пропаднатите врски, туку луѓето се тие кои ги уништуваат.

Фејсбук е тука за да ни даде лесен и едноставен начин да одржуваме контакт со луѓето, а далеку од тоа дека оваа социјална мрежа носи одлуки наместо нас. Мора да научиме самите да се носиме со последиците од нашите акции. На крајот од денот, токму ние сме тие кои одлучуваме кому да го посветиме нашето внимание, зарем не?

Ако вашата цел е да имате здрава и солидна врска, која се базира на искреност, тогаш разговарајте отворено со партнерот околу вашите стравови поврзани со оваа социјална мрежа и преку разговор ќе сфатите дека постојат и многу поважни работи од кавгите за тоа зошто вашето момче или девојка стиснало „лајк” на некоја фотографија.

Во здрава врска нема да мора да го поминувате времето грижејќи се за тоа што вашиот партнер или партнерка прави на екранот или со кого се допишува додека е на мобилниот телефон, бидејќи вие ќе имате нешто многу посилно: доверба. Најпрво ќе си верувате себе, а потоа и на саканата личност.

Фејсбукот не е проблемот, а најлесно ни е да го обвиниме токму него. Затоа откријте во што се крие проблемот, работете на него и решавајте го заеднички.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава