Размислете два пати, не судете според облеката

Многу луѓе често знаат уште пред да запознаат некоја личност да донесуваат некој свој суд и мислење за тоа каква личност е според облеката која ја носи.

razmislete-dva-pati-ne-sudete-spored-oblekata-01

Зависно од тоа дали според некои одредени критериуми здолништето на некоја девојка е прекратко или предолго, дали деколтето ѝ е премногу длабоко или потпетиците премногу високи, често се обележани од околината како провокативни, проститутки или досадни и повлечени.

Една швајцарска организација која се бори за еднаквите права меѓу половите, особено се залага за тоа да не се проценуваат и осудуваат девојките според облеката која ја носат.

Тие преку постери на кои се обележани мерки со конкретни називи покажуваат како најчесто луѓето од страна ги осудуваат девојките, а некои поради таквите стереотипи се осмелуваат и да им пријдат и да ги нападнат.

Краткото здолниште не значи дека девојката е промискуитетна, ниту долгото здолниште значи дека е антисексуална.

Истото се однесува и на длабокото разголено деколте, наспроти закопчаната кошула до вратот или високите потпетици, наспроти рамните чевли.

Не секогаш стилот има целосна врска со карактерот.

Со оваа кампања се укажува на стереотипите кои треба да се надминат и да се заштитат девојките:

razmislete-dva-pati-ne-sudete-spored-oblekata-1.jpg

razmislete-dva-pati-ne-sudete-spored-oblekata-3.jpg

razmislete-dva-pati-ne-sudete-spored-oblekata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава