Ако не можеш да ги победиш, изгуби се од нивниот видик!

Никогаш не сум ја почитувала светската изрека која кажува дека ако нештото не можеме да го победиме, треба да се придружиме кон него.

ako-nedmozes-da-gi-pobedis-izgubi-se-od-nivniot-vidik-01.jpg

Не се согласувам од причина што во светот денес постојат многу лоши работи, распространети толку широко што навистина не се победуваат со добрина.

Но, сепак тоа не значи дека јас треба да им се придружам во лошото дејство врз околината и другите луѓе.

Можеби ќе ме помислите за будала, но јас се уште верувам во добрина, конфликт решен со збор, искрена критика наместо лажен комплимент.

Верувам во зборување во лице, наместо позади грб и губење од видик на се што не можеш да победиш, а сметаш дека ниту заслужува да го победиш.

Ако не можеш да ги победиш лошите луѓе, зарем треба да им се придружиш и да станеш лош како нив?

Ако не можеш да ги победиш глупавите, зарем треба да го изневериш својот капацитет и да се потчиниш на нивната глупавост, придружувајќи им се?

Ако не можеш да ја победиш омразата на некои луѓе кои не сфаќаат дека со неа се трујат, зарем треба да им се придружиме и да се отруеме и ние?

Ако не можеш да ги победиш озборувањата, зарем треба да станеш онаков каов што се тие, па истите да би биле оправдани?

Ако не можеш да го победиш умирањето на љубовта во твојот живот после едно кршење на срцето, зарем треба да умреш заедно со неа?

Ако не можеш да ги победиш непријателите, зарем треба да им се придружиш и да станеш свој сопствен непријател?

Ако не можеш да ја победиш болеста, зарем треба да и се потчиниш и да умреш од неа?

Ако не можеш да ги победиш љубоморните колеги на работното место, зарем треба да се трудиш да им објаснеш дека љубомората е болест или да продолжиш да бидеш успешен?

Ако не можеш да го победиш лошиот шеф на работа, зарем треба да му се потчиниш и да станеш свој лош шеф кој ќе се измачува себеси секој ден психички?

Ако не можеш да ги победиш лошите спомени, зарем треба да живееш во нив или да ги оставиш тие да живеат во минатото?

Ако не можеш да го победиш лошиот партнер во врската, зарем треба да останеш со некој што не ти одговара и да трпиш несреќен љубовен живот?

Ако не можеш да ја победиш својата тага, зарем треба да бидеш тажен вечно или вечно надежен трагајќи по насмевки?

Ако не можеш да го победиш светот, тоа не значи дека треба да му се придружиш во било што, бидејќи ти си единка.

Ти си индивидуа која заслужува да победува.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава