Грешки од студентски денови

greski-od-studentskite-denovi-povekjeКога е сексот во прашање сигурно сите ќе се сложите дека најнезаборавен е студентскиот живот. Тогаш, покрај учењето, во главно, студентите...

 

...немаат други позначајни обврски. За некои тоа е времето кога за прв пат почнуваат сами да живеат и тогаш вистински им почнува животот без конторола од своите родители.

Меѓутоа, колку и да биле вашите студентски денови бурни, не треба да очајувате greski-od-studentskite-denovi-2дека сте сега "стари" за истите.

Со дипломата во рака, сексот може да премине во твоја секојдневна активност, но со малку промени на стиловите, за да не ги повторувате вашите стари грешки, како на пример:

- Постелнина со јунаците на Дизни - не доаѓа во предвид! Може малите студентки сакале да уживаат во тие постелнини во твојата детска соба, сега тие времиња поминаа.

Најдете софистицирана постела - квалитетот нуди удобност, додека дизајнот укажува на вашиот добар вкус. Секако дека со ова не треба да се претерува на пример со црн или црвен сатен, единствено ако не сакате да оставите впечаток на плејбој зајачица.

- Алкохол пред секс веќе не е задолжително. На студентките можеби им беше потребно неколку чашки за опуштање, но со дами не треба така да се постапува.

Дамата знае што сака, чаша вино, опуштена музика, миризливи свеќи... е сосема доволно. Кога сме веќе кај мирисот, кога некогаш ќе добиеш изненадна посета за време на работниот ден, ставање на дезодоранс нема да заврши работа.

greski-od-studentskite-denoviПодобро освежи се со сапун и вода, или ако и тоа не ти дозволува времето извинете се дека не мирисате баш најсвежо, што е подобро отколку да мирисате на неподнослива мешавина од пот и ефтин дезодоранс на база на алкохол.

- Продолжуваме, таа е дојдена и предиграта е започната. Кога беше студент често мораше да брзаш за да случајно твојот цимер не се врати во соба, а сега можете да се опуштите. Уживајте во предиграта, дозволете огнот да се распали...

- Ако за време на студентските денови имаше фиока полна со кондоми која без проблеми ја отвораше пред колегите и колешките, сега извади од фиокота само еден кондом, доволно е.

Ако извадиш цело пакување кондоми партнерката ќе мисли дека се спремаш за некои маратони, што воопшто не е секси. Убаво е да се знае дека користите кондоми, а уште подобро што секогаш сте подготвени, но никој не го интересира каде ги чуваш и кои се твоите точни резерви. И супермаркетот е полн со кондоми, сепак тоа никој не го возбудува.

- И на крај, кога се ќе заврши, бидете прави џентелмени, докажете дека сте пораснале и сте си ја заслужиле вашата "диплома".

Не прашувајте: Дали бев добар, сакаш ли уште една партија... Наместо тоа, дајте и подршка на партнерката, кажете и дека е прекрасна, тоа ќе биде сосема доволно.

Би можело да ве интересира:

„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...
8 илустрации колку технологијата ни го смени секојдневието (и без кои не можеме да живееме) Не мора да носиме кеш во паричникот - може да платиме дури и допирање на мобилни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg