Како да ги исчистите мрсните садови без хемикалии?

Тавите се незаменливи кога треба да испржитевкусни компирчиња или парче месо, но кога ќе дојде редот за миење, може да зажалите за вкусното јадење кое сте го подготвиле во нив.

kako-da-gi-iscistite-mrsnite-sadovi-bez-hemikalii-01.jpg

Не посегнувајте по гумените ракавици и хемикалиите кои понекогаш прават повеќе штета, отколку корист. Послужете се со овие едноставни начини да ги исчистите тавите од старата, насобрана маснотија.

Прв начин

Излупете еден компир, исечете го на половина и едната половина натопете ја во сода бикарбона. Со таа половина тријте ја тавата исто како со сунѓерче. Треба да вложите поголем напор, но резултатот ќе биде веднаш видлив.


Втор начин

Маснотијата на тавата може да ја исчистите и со кесичка чај. Земете сува, неискористена кесичка чај и поминете ѕидовите на тавата полни со маснотија. Веднаш ќе забележите како маснотијата се раствора, односно впива во кесичката чај. Доволни ви се 2-3 кесички од било кој чај за тавите повторно да светнат.

kako-da-gi-iscistite-mrsnite-sadovi-bez-hemikalii-02.jpg

Трет начин

Земете поголем сад во кој може да ја собере тавата или садот кој го чистите и во него ставете 4-5 лажици сода бикарбона. Прелијте со вода и варете ја течноста 30-50 минути, додека тавата која сакате да ја чистите е внатре. Потоа само пребришете.

За оваа метода не ви е потребен напор, но потребно ви е време. Најпогодна е за чистење цедилки, вилушки, лажици, капачиња од тенџериња и останати кујнски предмети кои се тешки за чистење со сунѓерче.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...

Најчитани неделава