Како бижутеријата да ви изгледа скапо?

Можеби не можат сите да си дозволат скап накит или не се сите жени обожавателки на злато и бисери. Понекогаш дури некои парчиња бижутерија може многу подобро да се вклопат во комбинација со облеката.

kako-bizuterijata-da-vi-izgleda-skapo-01.jpg

Но, треба да знаете некои трикови за одбирање и одржување на бижутеријата за да ви изгледа како скапоцен накит.

1. Инвестирајте во сетови накит

Купете цел комплет од обетки, нараквица и ѓердан во ист стил. Но, внимавајте, кога купувате цел комплет, ако го носите целиот одеднаш, може полошо да изгледа,. Затоа елементите носете ги одделно или комбинирајте ги со друг накит со кој изгледаат складно. Тоа ќе остави многу подобар впечаток.


2. Избегнувајте го младешкиот накит

Дури и накитот од скап материјал и драги камења кои се состојат од разни привезоци и полудраги камења во разни бои и облици, може да изгледа вештачки и лошо. Бижутеријата често изгледа евтино, па подобро е да избегнувате ваков тип накит и да одбирате нешто поедноставно.


3. Полудраги или лажни парчиња?

Подобро одберете полудраги камчиња кои се малку поскапи од стаклените и пластични реплики на драгите камења. Лажно обоените скапи камења многу често изгледа како да се од пластика, па поентата е целосно спротивна. Сјајните кристали се исто така добар избор за накит.


4. Премногу сјај

Избегнувајте многу сјајни метали бидејќи повеќето вештачки материјали се толку сјајни што дури и грдо изгледаат. Кога не можете да си дозволите накит од нешто скапоцено, одберете го оној кој не сјае премногу, туку има природен изглед. Иако посебно блескавиот накит може да биде привлечен, посебно под светлата во продавниците, додека го носите на својата кожа остава поинаков, евтин впечаток.


5. И тежината е важна

Тежината на некој накит на прв поглед не е видлива, ниту е нешто на што се обрнува внимание, но кога купувате бижутерија за која сакате да изгледа оригиналот, одберете ја онаа која би требало да има слична тежина како оригиналот. Тајната е во тоа што накитот паѓа и се ниша побавно или побрзо зависно од тежината. Затоа, не би требало да е премногу лесен, за да не се препознае веднаш дека е бижутерија.


6. Материјали кои оставаат боја на кожата

Ако сте го пронашле накитот кој одговара на вашиот вкус и на потребите, а сепак не е оригинален, внимавајте да не ве издадат трагите кои може да ви ги остави. Бакарот, никелот, па и среброто со разни мешавини од други материјали може да остави темни и зелени дамки на местата каде ја допираат кожата. Затоа, пред употреба, деловите од накитот кои ја допираат кожата премачкајте ги со проѕирен лак за да не се случи тоа.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава