Не планирајте, бидете спонтани!

Можеби реализирањето на некој план ја исполнува листата на реализирани цели во животот, но реализирање на нешто спонтано кое не било во планот, ја исполнува листата на предизвиците.

ne-planirajte-bidete-spontani-001

Верувајте тие предизвици се многу позабавни од планираните цели, па затоа еве зошто е подобро да бидете спонтани, отколку постојано да планирате сè до последен чекор.

Кога си спонтан, си најсилен

Спонтаноста ја вади силата од тебе бидејќи те тера постојано да бидеш подготвен на сè и најсилен да издржиш што и да те очекува, а не знаеш што те очекува.


Кога си спонтан, планот не може да пропадне

Спонтаноста не работи по план, па затоа планот не може да пропадне, тој едноставно не постои. Спонтаноста е едноставна и ви го поедноставува, додека плановите ви го прават секојдневието покомплицирано.

ne-planirajte-bidete-spontani-1

Кога си спонтан доживуваш нешто неочекувано и ново

Кога планираш, претпоставуваш што ќе се случи, истражуваш пред време, знаеш што би можело да тргне во лош или подобар правец, едноставно знаеш сè, а тоа не е секогаш интересно. Ако одлучиш да живееш спонтано секогаш ќе доживуваш нешто неочекувано и ново.


Кога си спонтан не веруваш, туку проверуваш и се уверуваш

При правење на план, веруваш дека истиот ќе успее, а кога ќе започнеш да го реализираш повторно веруваш и се надеваш на успех.

Со спонтаноста не мора да си ја трошиш надежта и вербата. Таа наместо да направи да се сомневаш, ќе те натера да провериш дали нешто веќе се случило и да се увериш во неговата реализација која ќе ти го крене адреналинот.


Кога си спонтан, едноставно живееш слободно!

Планот те врзува за едни одлуки, цели, патишта, потези и соништа, спонтаноста те пушта на слобода секогаш пречекувајќи го твојот дух со нешто ново и неочекувано. Можеби тоа нешто ќе те крене во небо, можеби ќе те спушти на земја, но во секој случај ќе те направи да се почувствуваш слободен и жив!

Во тоа е убавината на спонтаноста, да бидеш слободен и жив, знаејќи дека секој следен ден е нова авантура за тебе.

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава