Тажната приказна зад белите велосипеди

Белите велосипеди, врзани со ланци за патокази и огради можат да се сретнат насекаде низ светот. Познати се како сенишни велосипеди и служат како мрачен потсетник на трагедијата која се случила на тоа место. Секој од овие бели велосипеди симболизира загинат велосипедист.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-0

Повеќе од 200 градови низ светот се украсени со овие скромни, но срцепарателни споменици. Обоени со бел спреј, велосипедите дискретно се вклопуваат во градскиот пејсаж.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-1

Групата која ги прави сенишните велосипеди е составена целосно од волонтери. Понекогаш, семејството и пријателите на жртвите помагаат да се направат и постават велосипедите во спомен на нивните сакани.

Секој велосипед се прави со една едноставна цел - да ги потсети учесниците во сообраќајот да забават, да возат безбедно и да ги третираат останатите со почит.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-8

Поставувањето на овие споменици се врши многу незабележливо. Волонтерите го носат сенишниот велосипед до местото на фаталната несреќа, го заклучуваат за сообраќаен знак и тивко си заминуваат.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-2

Овој проект започнал во 2003 година во Сеинт Луис, Мисури и од таму се раширил низ сите страни на светот.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-7

Со 150 поставени сенишни велосипеди, Њујорк е најголемиот град кој учествува во овој проект. Веќе 10 години њујорчаните организираат меморијално возење во чест на загинатите сограѓани. Секоја година во април се собираат велосипедисти од сите сфери на животот и ги посетуваат местата каде минатата година велосипедисти го загубиле животот.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-3

На местото на секоја несреќа, учесниците поставуваат цвеќиња врз сенишните велосипеди додека семејството и пријателите споделуваат сеќавања за жртвата: кои биле, како живееле и како умреле.

Потоа, сите ги подигаат своите велосипеди над главите во прекрасен но срцепарателен, тивок поздрав.

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-5

taznata-prikazna-zad-belite-velosipedi-6

На крајот на овогодишното возење, учесниците поставиле сенишен велосипед пред зградата на градското собрание и ги прочитале имињата на сите 150 велосипедисти кои загинале откако почнал проектот со цел да потсетат дека напорите на власта не се доволни за да се заштитат велосипедистите во сообраќајот.

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...

Најчитани неделава