Бизарна опсесија: Го оставила свршеникот за да живее со 16 кукли

Ејприл Бракер е 30-годишна пејачка, манекенка и писателка од Пенсилванија, која има малку необично хоби.

bizarna-opsesija-go-ostavila-svrsenikot-za-da-zivee-so-16-kukli-001

Можеби и не се работи само за хоби, туку опсесија. Таа има колекција од 16 кукли кои се многу слични со куклите од познатото Muppet Show, кои постојано ги дотерува и на нив троши по 14.000 фунти годишно.

Често знае и од себе да си скрати, само за нив да им обезбеди нешто ново. Ги гледа како свои деца и себеси се смета за нивна мајка, па како што мајката се жртвува за своите деца, така и таа за своите кукли.

Никој не знае како таа дознава кога што им треба, бидејќи тие не зборуваат, но толку многу е опседната со нив, што буквално решила целиот живот да им го посвети ним.

До пред извесно време имала и момче кое решило да ја запроси, но ѝ поставил еден услов, да избере помеѓу него и куклите.

Во првиот момент, бидејќи била многу вљубена, го избрала него, но за кратко време сфатила дека тоа е грешка и се покајала што ги изневерила своите кукли, па се вратила кај нив.

Сега таа живее сама во стан со своите кукли и гордо ја раскажува својата приказна, бидејќи смета дека куклите се целиот живот со неа, никогаш не ја изневериле и нема да ја разочараат, ниту да ја стават на тест да избира помеѓу нив и некој друг, како што тоа го прават мажите.

Затоа нејзината одлука е да го помине остатокот од животот со куклите или со некој кој ќе ја прифати заедно со нив.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава