6 клучни начини како да ја разликувате зрелата жена од незрелата девојка

Ако барате девојка која ќе се припие за вас, на која ќе имате влијание и ќе бидете супериорни, изборот е огромен. Но, ако не сте задоволни со принцези и тинејџерки, обрнете внимание на 6 клучни показатели по кои ќе ја разликувате зрелата жена од нив.

6-klucni-nacini-kako-da-ja-razlikuvate-zrelata-zena-od-nezrelata-devojka-01.jpg

1. Девојките се полни со очекување, а жената го цени она што го нудите

Жената не бара од вас нешто што и недостасува, затоа што е комплетна. Неа не и е потребна постојана поддршка, знае да ве остави на мира, не и треба маж околу кој ќе се обвитка и ќе го направи центар на светот. Подготвена е на компромис и го цени она што и го овозможувате. Сонувањето по принцот им го препушта на принцезите.


2. На жената не сте и потребни за да се чувствува целосно, но ве сака

Колку и да звучи препотентно, таа си е доволна сама на себе, но подготвена е да направи место за вас затоа што ве сака. Не очекува да ја фасцинирате секојдневно, доволно е тоа што го имате. Таа само сака да ја дели радоста, блискоста и да гради доверба. Токму затоа ќе се чувствувате почестени кога една жена ќе ве посака.


3. Жената е личност која предизвикува почит

Јасно ви е дека имате работа со жена со интегритет, која знае што сака, вредна е и одговорна, а во исто време знае да се опушти како да нема ниту една грижа на светот. Знае да биде љубовница, партнер и пријател. Таа ве одбрала, а таа си го почитува изборот. Заради тоа вие ќе ја почитувате 10 пати повеќе.

6-klucni-nacini-kako-da-ja-razlikuvate-zrelata-zena-od-nezrelata-devojka-02.jpg

4. Разговорот со жената е вистински предизвик

Знае да разговара смислено и мудро, за што и да станува збор. Знае да слуша и поставува прашања кои ќе ве поттикнат на размислување, да ги изнесе своите мислења кои може да ве изненадат, затоа што позитивно се разликуваат од вашите. Никогаш нема да се обиде да ја промени темата ако вие сте загреани, а неа едноставно не и е интересна.


5. Жената е одговорна за својот живот

Со вас или без вас, таа сигурно ќе продолжи понатаму. Таа има своја работа, свои пријатели, свои интереси и начин на живот со кој е задоволна, а ако реши да се прилагоди на вас бидете благодарни. Од неа секој ден ќе учите по една драгоцена лекција што значи да бидеш одговорен за својот живот.


6. Со неа можете да си ја замислите иднината

Зрелата жена ви е подеднакво лесно да ја замислите до вас и следната година, но и во наредните 20. И со леснотија можете да кажете дека со неа животот никогаш нема да биде заморен или здодевен.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава