Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гаранција за долг живот

Додека образованието кај мажите не игра важна улога, образованието кај жените е пресудно за долг живот на двајцата партнери. Новото истражување...

 

... спроведено во Шведска покажало дека образованието, животниот стил и долгорочното здравје се тесно поврзани.

Истражувачите во училиштата во Стохлом по основ на долгогодишни истражувања дошле до едноставна формула која осигурува долг живот, а тоа е врска помеѓу образована жена и богат маж.

Студијата која е објавена во весникот Epidemiology and Community Health траела полни 13 години и опфатила околу 1,5 милиони луѓе на возраст од 30 до 59 години.

По обработката на сите податоци, истражувачите дошле до многу интересни информации. Така се докажало дека мажите при избирањето на партнерката, освен физичкиот изглед се фокусираат и на нејзината интелегенција и степенот на образование.

garancija-za-dolg-zivot1

Интересно е тоа што образованието на мажите не е важно ниту за мажите, ниту за жените. Кај нив, важна е висока банкарска сметка, што може да се постигне и без високо образование.

Но, образованието кај поубавата половина е многу важно. На мажите дури 25% може да им се продолжи животот ако нивната партнерка има завшено факултет.

И за самите жени образованието е многу важно. Помалку образованите жени имаат 50% поголеми можности да умрат порано од повеќе образованите жени.

Стручњаците кажуваат дека тоа е така, поради тоа што повеќето интелектуални жени можат повеќе да се информираат за здравиот живот и за начините за лекување. Тоа го продолжува не само нивниот живот, туку и животот на нивниот партнер.

Колку повеќе се зголемува богатството на мажот, толку подобро жената ќе управува со парите.

 

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и маг...
Невестински Crocs влечки, патики како хамбургер – Луѓе кои одбивaат да носат здодевни чевли „Не само што носев Crocs на мојата свадба, туку не беа ни оригинал“. „Најдо...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg