Kако танцот околу шипка целосно ѝ го променил животот?

Пол-денс или танцувањето околу шипка станува сè поатрактивна дисциплина која претставува предизвик за многу девојки.

tancot-okolu-sipka-i-go-promenil-zivotot-01

Некои кои се со повеќе предрасуди веднаш ги сместуваат таквите девојки во категорија стриптизети. Но, во суштина тоа е одлична вежба за целото тело, за која е потребна исклучителна вештина, цврстина и концентрација. Резултатите кои ќе ги добиете на крај ќе ви покажат дека ви вредел сиот труд.

Кери Дерам од Велика Британија има 31 година и во еден момент помислила да се откаже од сè.

Имала премногу долгови, љубовни проблеми, била во депресија, со вишок килограми и не знаела каде да најде утеха и спас, па дури се обидела и да се самоубие, но за среќа преживеала.

Кога слушнала за пол денс, решила да се обиде и да направи некаква промена. Не очекувала дека всушност ќе ѝ се промени целиот живот.

tancot-okolu-sipka-i-go-promenil-zivotot-12.jpg

- Пол денсот ми го промени животот со тоа што направи да се чувствувам посилна, посексапилна и повредна – рекла Кери.

Кога имала 21 година се разболела од рак на матката. Единствен спас била операција во која ќе ја отстрани матката.

Болеста била само вовед во депресијата, а потоа негативните чувства само се надополнувале. Доживеала и љубовно разочарување и ја изгубила куќата поради финансиски проблеми.

Незадоволството го смирувала со храна, па за кратко време од 63 kg дошла до 88 kg.

Кога се погледнала себе станала уште подепресивна. Во почетокот лекарите ѝ препишувале лекови, но тие правеле да се чувствува уште полошо.

Благодарение на пол денсот за една година изгубила 31 килограм. Толку многу ѝ се допаднала таквата активност што тоа станало нејзина професија.

tancot-okolu-sipka-i-go-promenil-zivotot-001.jpg

- Луѓето многу ме искористуваа, а јас сакав само да им помогнам на сите. Но, кога јас западнав во долгови истите ме оставија сама.

- Се гледав себеси во огледалото и не ми се допаѓаше тоа што го гледам. Не ја познавав веќе личноста која гледаше во мене. Не знам зошто го одбрав пол денсот, помислив дека е нешто поинакво, па сакав да го пробам.

Ѝ било забавно, но и напорно, бидејќи требало целосно да се посвети и вложи, но ѝ било потребно за да си ги оттргне мислите.

Имала само 64 фунти на сметка, почнала од ништо, а сега е финансиски обезбедена и не го прави тоа веќе за да заработи, туку ужива во танцот на кој ги учи и другите девојки кои доаѓаат во нејзиниот сопствен фитнес и пол денс студио.

Погледнете како танцува:

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава