Ја исмевале 4 години, а на матурата ги воодушеви сите со фустанот кој сама го дизајнирала

18-годишната Kyemah McEntyre се одлучила својот матурски фустан да го дизајнира сама и создала уникатен фустан кој носи со себе многу важни животни пораки.

maltretirana-kako-tinejdzer-go-dizajnirala-svojot-fustan-za-protiv-ucilishnoto-nasilstvo-01.jpg

Младата девојка од Њу Џерси, инспирирана од своето афричко потекло и малтретирањата и исмевањата кои секојдневно ги добивала на училиште, решила нејзината порака наместо со збор да ја искаже со нејзиниот фустан.

Рачно го изработила нејзиниот матурски фустан по скица која секако сама ја насликала и на социјалните мрежи ја објавила мотивацијата која стоела зад нејзиниот изглед.

„Јас имам 18 години и без сомнеж имам Афричко потекло. Како уметник имам комплетно различна гледна точка споредено со повеќето останати индивидуи“.

И секако натаму продолжува со посветата која ја објавила на Инстаграм и Твитер: „Ова е за оние кои се етикетирани како „грди“ или „гневни“. Фала богу што стереотипите се само мислења“.

Фустанот е составен од горен дел во тело и широк долен дел на кој се прелеваат боите на Африка во етно дезен и со длабоко деколте.

Како ви се допаѓа?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава