Учете од нив: 15 работи кои емоционално силните луѓе никогаш не ги прават

Емоциите се нашите најголеми мотиватори, но понекогаш можно е да не мотивираат во погрешна насока. Заради тоа, емоционалната сила е неопходна.

ucete-od-niv-15-raboti-koi-emocionalno-silnite-luge-nikogas-ne-gi-pravat-01.jpg

Токму овие 15 карактеристики им помагаат на емоционално силните луѓе да ја пребродат секоја криза.

Учете од нив...

1. Тие не бараат внимание

Потребата за внимание од другите е силно поврзана со емоциите. Оние кои постојано имаат потреба од туѓи признанија, не се сигурни во себе и колку навистина вредат. Токму на нив им недостасува самодоверба. Ако самите не верувате во тоа колку вредите, како очекувате да ги убедите другите?


2. Не дозволуваат другите да ги уништат

Емоционалната сила си бара и отпорност. Светот е полн со љубомора и омраза во секое ќоше, па затоа треба да очекувате нож во грб и од најблиските. Откако ќе го добиете, најважно е, но истовремено и најтешко да ги отстраните тие луѓе од животот. Затоа мора да одберете мудар и најбезболен начин за да се оддалечите.


3. Не се злопамтила

Ако некој искрено се извини прифатете го извинувањето, ако не ви се извини – престанете да комуницирате со таа личност. Толку е едноставно, затоа не се измачувајте.


4. Не се откажуваат од она што го прават

Емоционално силните луѓе го прават она што им одговара и она што го сакаат. Тие не се откажуваат заради туѓото неразбирање, негодување или сожалување.


5. Секогаш веруваат во себе

Оние кои се сакаат и разбираат самите себе, никогаш не се сомневаат во одлуките кои ги носат.

ucete-od-niv-15-raboti-koi-emocionalno-silnite-luge-nikogas-ne-gi-pravat-03.jpg

6. Не ги заплашуваат другите

Тие немаат потреба да ги заплашат другите за да добијат на вредност. Емоционално силните луѓе знаат да ја применат тактиката за преговарање.


7. Знаат кого да пуштат во својот живот

Емоционалната силна личност е силна со причина. Таа не се залажува со луѓе кои ќе се обидат да ја повлечат кон дното. Едноставно, не дозволуваат другите да им ја уништат среќата.


8. Не се плашат од љубов

Личноста која се плаши да сака нема доволно доверба во себе. Таа смета дека не може да оствари долготрајна врска без да заврши со катастрофа. Таа се плаши да не биде повторно повредена. Наспроти тоа, емоционално силните луѓе не бегаат од љубов. Тие се свесни дека ако работите не се одвиваат добро, кривицата не е само во нив.


9. Наутро не остануваат во кревет згрозувајќи се од денот кој е пред нив

Најдобриот дел од денот би требало да е будењето. Тогаш треба да сфатите дека сте среќни што сте живи и способни да го правите она што го сакате. Пречесто животот го земаме здраво за готово.

ucete-od-niv-15-raboti-koi-emocionalno-silnite-luge-nikogas-ne-gi-pravat-02.jpg

10. Тие не се плашат да го забават темпото

На емотивно силните луѓе не им е потребна постојана акција и возбуда. Тие не мораат да трчаат наоколу и да бидат зафатени само за да не се соочат со демоните во себе. Тие знаат да го забават темпото и да почувствуваат мир и тишина.


11. Не го прават она што не го сакаат

Сите понекогаш правиме работи кои не ги сакаме, но тоа е погрешно. Емоционалсно силните личности се свесни за тоа и речиси секогаш наоѓаат начин да се фокусираат на работите што ги сакаат. Иако можеби не ја сакаат секоја секунда во работата, сепак го пронаоѓаат задоволството во она што го прават.


12. Знаат да кажат „не“

Ако не можете да кажете „не“, тогаш речиси сигурно ќе бидете злоупотребени. Околината ќе ве смета за слаби и никој нема да ве прашува за мислење и истото да го разбере сериозно. Со тоа што ќе кажете „не“ ги потсетувате луѓето дека немаат контрола над вас.


13. Не ги запоставуваат другите

Никогаш не се премногу зафатени или сиромашни за да одвојат време и пари. Некои луѓе едноставно ги забораваат обврските кои ги имаат како живи суштества. Спротивно на нив, емоционално силните луѓе го ценат животот и знаат да ги ценат луѓето во него.


14. Немаат потреба да се вклопат

Колку што еден човек е емотивно посилен, толку е понезависен. Не е нужно да ги кршите своите уверенија само за да се вклопите во светот и средината. Бидете свои, тогаш другите полесно ќе ве прифатат.


15. Не забораваат дека среќата е нивна одлука

Она што е најважно – свесни се дека само нивниот мозок управува со делата и телото. Свесни се дека емоциите не ја одржуваат реалната слика. Разумот е оној кој ни дава целосна контрола на животот.

ucete-od-niv-15-raboti-koi-emocionalno-silnite-luge-nikogas-ne-gi-pravat-04.jpg

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава