Салон за убавина кој има сè, а се наоѓа на аеродром

Кој не би сакал да се среди помеѓу долгите и исцрпувачки летови додека да стигне на посакуваната дестинација? Сега и тоа е возможно благодарение на овој аеродром.

salon-za-ubavina-koj-ima-se-a-se-naoga-na-aerodrom-01.jpg

Лоциран во Blush бутикот на главниот атриум на аеродромот Hamad International, “Nails” салонот е отворен 24 часа и нуди голем број на третмани и услуги кои се осмислени на таков начин што не траат повеќе од 30-40 минути, прилагодено на условите.

При овој салон за убавина, патниците можат да изберат голем број понуди поврзани со маникир, педикир, без разлика дали станува збор за француски маникир, обликување и средување, како и останатите услуги како што се депилација со восок и масажа, а се вбројуваат и фенирање, масажа на главата, третмани за косата итн.

Инаку, салонот “Nails” е дел од А.N.D Trading Company која управува и со салоните за убавина сместени во престижните салони во најпознатите хотели како Four Seasons, Marriott и Crowne Plaza, a таков салон на аеродромот е само уште еден доказ за врвниот луксуз со кој располагаат Арапите.

Но, покрај салонот, на аеродромот може да сретнете повеќе од 70 различни продажбени простори, почнувајќи од објекти за храна и облека од најпознатите дизајнерски брендови, електроника и врвни кујни, навистина може да се задоволат различните, но и специфичните вкусови на клиентите.

Па, токму поради ваквиот раскош, но и врвните и квалитетни услуги, аеродромот заедно со Qatar Duty Free, ја добија наградата “Global Traveler Retailer of the Year”.

salon-za-ubavina-koj-ima-se-a-se-naoga-na-aerodrom-02.jpg

salon-za-ubavina-koj-ima-se-a-se-naoga-na-aerodrom-03.jpg

salon-za-ubavina-koj-ima-se-a-se-naoga-na-aerodrom-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Фото-докази дека живееме во „бетонски“ урбан пекол Огромни згради, сивило и ниту едно дрво – дали сите поголеми градови ги претвора...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник н... Во 2022 година, Едвин Кастро од Калифорнија освои 2,4 милијарди долари на лото. ...

Најчитани неделава