Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник на лотарија во светот?
Во 2022 година, Едвин Кастро од Калифорнија освои 2,4 милијарди долари на лото. Но, набрзо откако ја подигна добивката се соочи со тужба дека добитното ливче воопшто не било негово. Денес „новопечениот“ богаташ ужива во раскошниот живот и поседува неколку луксузни куќи низ Америка.

Многу луѓе сонуваат дека ќе освојат голема сума на лотарија која ќе им го промени животот.
За мал дел од нив, овој сон станува реалност, но досега никој не се усреќил колку Едвин Кастро од САД кој во 2022 година, на американската лотарија (Powerball) освои дури 2.04 милијарди долари.
Кој е Едвин Кастро и како му се промени животот по историската добивка?
Во 2022-ра, тогаш 30-годишниотЕдвин Кастро уплатил лото во локална бензиска станица, несвесен за промената што го чека.
Откако го освоил џекпотот од 2 милијарди долари, Едвин морал да направи избор – или да ја зема сумата од 2 милијарди во период од неколку години, или парите да му бидат исплатени веднаш, но во висина од околу една милијарда.
Тој ја избрал втората опција и преку ноќ станал побогат за 997,6 милиони долари.
Едвин не сакал јавноста да го знае неговото име, па воопшто не се појавил на пред конференцијата за неговата добивка.
Но, според законите во Калифорнија, идентитетот на добитниците на лото не смее да биде скриен, без разлика дали тие се согласуваат со тоа или не.
Па, наскоро целиот свет дозна дека Едвин Кастро е новопечениот милијардер и оттогаш тој навистина не пробува да штеди.
Најпрво купи три огромни куќи во Калифорнија со вкупна цена од околу 76 милиони долари.
Во една пригода беше забележан и како излегува од банка и влегува во винтиџ Porsche автомобил.
Потоа богаташот се почестил со уште неколку раскошни куќи, сите опремени со базен, теретана и што уште не.
Во јануари 2025 година, во пожарите во Лос Анџелес, Едвин изгуби еден од своите луксузни домови.