Прв вселенски хотел во 2012

Изминатиот период доста се говореше за кризата во туризамот, но соствениците на првиот хотел во вселената сметаат дека на таа гранка...

 

...на економијата едноставно и треба нова дестинација каде ќе можат да се однесат гостите.

Проектот вреден 3 милијарди долари треба да биде готов до 2012 година, кога е предвидено првиот хотел во вселената да ги отвори своите врати за гостите.

Основачот на Galactic Suite Space Resort, вели дека една ноќ помината во хотел со поглед накај Земјата чини милион долари. За тој износ, гостите можат да го видат заоѓањето на сонцето 15 пати во текот на денот, бидејќи хотелот ќе се движи околу Земјата на секои 2-3 часа.

Иако оваа цена се чини како огромна сума на пари, сопственикот на идниот вселенски хотел вели дека оваа цена ќе падне во наредните 15 години, но и понатаму цените ќе останат високи, бидејќи оваа цена не го покрива патот до вселената. Превозот ќе биде организиран од истата комапнија, а ќе се поаѓа од Карибите.

prviot-vselenski-hotel-vo-2012

Критичарите веќе го искажаа својот песимизам околу најавите дека овој хотел ќе биде готов до 2012 година.

"Мислам дека овој проект нема да биде готов до 2012 година, освен ако не најдат некој со неверојатно длабок џеб, кој парите едноставно и без проблем 'ќе ни ги фрли' во раце."

"Тоа едноставно звучи преамбициозно. Сепак, овој проект ќе биде успешен, само не верувам дека ќе се оствари за толку краток временски период. Дури и да биде готов до 2012 година, овој луксуз нема да им биде достапен на луѓето кои не се богати и славни", е дел од скептичната изјава.

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот... Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга стра...
Девојка го одби запросувањето на дечко ѝ, на бина на концерт пред огромна публика (видео) Дечко од Австралија се договорил со бендот Bootleg Rascal да се качи на бина за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg