Девојка го одби запросувањето на дечко ѝ, на бина на концерт пред огромна публика (видео)
Дечко од Австралија се договорил со бендот Bootleg Rascal да се качи на бина за време на нивен концерт и да ја запроси девојка му. Од бендот со задоволство му дозволиле, но девојката го одби, а на тажниот момент сведочела целата публика.

Некои жени сонуваат за јавно и спектакуларно запросување, додека за други ова треба да биде поинтимен чин.
А, некогаш, жените воопшто не се подготвени за брак кога партнерот ќе им го постави големото прашање.
Во ваквите ситуации е уште полошо кога станува збор за јавно запросување, каде одбивањето се случува пред многу други луѓе.
Ова му се случило на дечко од Австралија, кој одлучил да ја запроси саканата на концерт на рок-бендот Bootleg Rascal.
Австралиецот дури и се договорил со бендот да му дозволат да се качи на бината со девојка му и да ја запроси пред целата публика.
На видеото, кое веќе се споделува вирално, дечкото застанува на бината и вели:
„Јас и мојата девојка дојдовме да ги слушаме Bootleg Rascal пред две-три години. Џејми, каде си? Можеш ли накратко да се качиш на бината?“
Кога девојката се качува на сцена, дечкото зборува дека ова им бил омилениот бенд и дека сега веројатно било вистинското време.
Но, како што клекнува на колено, се гледа како девојката го тера да се исправи, одмавнува со главата и брза да се симне од сцената.
По тажното одбивање, на сцената излегува маж облечен како Скуби До, кој му помага на разочараниот дечко да се исправи и го прегрнува.
Најсмешно е што видеото е споделено на официјалниот Инстаграм профил на бендот со опис:
„Не сме сигурни дали набрзо ќе помогнеме за друго јавно запросување. Но, како и да е, нашата турнеја продолжува оваа недела, можете да ги видите датумите во продолжение“.
Вокалистот на бендот, Карлос Лара, во изјава за Daily Mail вели дека биле исто изненадени од одговорот на девојката како и дечкото.
„Мислам дека не сум се чувствувал толку непријатно на сцена. Не знаев што да направам или да кажам.
Претходно менаџерот ни кажа дека фан сакал да ја запроси девојка му на сцена и ние си помисливме дека идејата е добра. Кога видов како го одбива, речиси ги исплукав пивото што го пиев“.
Вокалистот додава дека се чувствувале лошо за дечкото и го побарале после концертот.
„Разговаравме со него, беше добар. Му дадовме маица со нашето лого и му посакавме сè најдобро“.
Вокалистот вели дека секогаш ја слават љубовта и би им помогнале и на други фанови доколку сакаат да ги запросат саканите на нивен концерт. Но, се надеваат дека следниот пат ќе има друг, посреќен исход.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Спирова С. | Црнобело
