Секој ден - убав е

Секој ден може да биде убав, магичен... Ако се запрашувате каде ли да се бара убавината ние ги имаме одговорите...

sekoj-den-ubav-e-01.jpg

Убавината е во малите нешта. Во нивната големина.

Убави се цвеќињата долж Партизанска и липите кај Универзална. Големи се булеварите по кои брзаш. Нечија пот, оросени чела и крвави дланки ја создале улицата по која чекориш.

Убави се широките магистрали по кои ги оставаш парите потрошени за бензин додека патуваш некаде.

Убава е насмевката на личноста која штотуку се разбудила покрај тебе. Убави се женските раце додека сечкаат зеленчук за ручек. Убави се машките раце, преполни со цврстина кога држат жена во прегратка или додека го разместуваат тешкиот тросед.

Убава е насмевката, ама да е искрена. Убави се проникливите детски очи и нивното провокативно прашање: „зошто?“

Убава е црната чипка на женското тело и костумот со вратоврска кој дава моќ на мажите. Убав е гласот кој ќе те разбуди уште од рано утро.

Убави се долгите излежување на топлиот песок. Чоколадото е убаво. Ладното пиво сред жежок августовски ден е убаво. Убава е водата која ти ги буди клетките. Убава е мелодијата која ја слушаш по 167-ми пат. Убава е книгата која ја читаш по вторпат, нели? Затоа пак ја читаш.

Убав е животот. И малите нешта кои го прават голем. Затоа, вдиши воздух, главата горе! Ова ќе биде убаво време на радост и надеж. И ајде да споделуваме убавини.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава