5 причини зошто луѓето кои плачат се ментално посилни

За жал не сите емоции се третирани подеднакво. Општо прифатено е дека среќата е знак на самодоверба, сигурност и успех, дури и кога глумиме дека сме среќни, а длабоко во себе искусуваме тешка тага.

5-pricini-zoshto-lugjeto-koi-placat-se-mentalno-posilni-001.jpg

За разлика од неа, тагата е емоција која се става во еден сосема поинаков универзум, во една сосема различна категорија.

Тагата ни е отуѓена. Тагата е нешто што не пожелно да го прикажуваме во јавност. Изразот на лице каде е повеќе од очигледно дека грижите целосно не обзеле е непожелен.

Но, ваквиот став не добар. Не здрав. Лошо влијае на нашето ментално здравје.

Токму затоа, луѓето кои не се плашат да ја покажат својата тага и своите солзи се далеку повеќе ментално здрави од оние кои неуморно се обидуваат да ја сокријат.

Еве зошто:

1. Тие не се плашат од своите емоции

Ако сте обземени од среќа и радост зошто да ја криете насмевката на лицето? Истото важи и за тагата. Ако сте имале лош ден на работа зошто да не бидете изнервирани? Ако сте искусиле некоја непожелна ситуација која ве прави очајни зошто да не ги изразите вашите тага и очај?

Луѓето кои ја игнорираат својата тага само се залажуваат себеси. Плачот не е знак на слабост, туку знак дека сте човек и имате емоции надвор од оние кои се сметаат за општествено прифатливи.


2. Тие го разбираат лековитото дејство на солзите

Вашите очи ве ослободуваат од стресот, нервозата, тагувањето, болката и фрустрациите. Солзите ја прочистуваат вашата душа и служат како река во која се собираат сите негативни емоции и излегуваат од вас.

Ако не дозволувате солзите да излезат од вас, само си штетите, бидејќи не дозволувате негативните емоции да излезат од вас.


3. Тие знаат дека солзите се добра терапија за душата

Неодамнешни психолошки истражувања откриваат дека плачењето го стимулира нашиот мозок да започне да се ослободува ендорфинот – хормонот на среќата.

Иако проблемите можеби ќе останат и покрај плачењето, нема сомневање дека самиот акт на леење на солзите ви го разбиструва умот и барем малку ве ослободува од фрустрациите.


4. Нив не им се важни родовите улоги и очекувањата од општеството

Плачењето е стигматизирано од двата пола. Таа плаче затоа што е нестабилна и бара внимание од другите, а тој плаче затоа што е слабак и не е доволно мажествен. Овие предрасуди ве охрабруваат да го направите она што е најлошо за вас, да ги сокриете емоциите на тага и да ги потиснете длабоко во себе.

Но, така правите само планина од негативни емоции длабоко во себе која кога тогаш мора да пукне и да се ослободи.


5. Тие ги охрабруваат луѓето околу себе да не бегаат од своите емоции

Кога тагуваме и дозволуваме таа емоција да биде видлива пред другите, ги охрабруваме и нив да се ослободат од своите негативни емоции и да престанат да ги собираат во себе.

Прифатете ја тагата и соочете се со неа.

Уште еднаш – тагата и плачот не се знак на слабост, туку знак на сила и ментално здравје.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава