10 тајни за производите кои супермаркетите не сакаат да ги знаете

Купувањето на производи е активност за која не се размислува многу. Правите список на работи, заминувате до најблиската продавница или супермаркет, одбирате производи плаќате и тоа е тоа.

10-tajni-za-proizvodite-koi-supermarketite-ne-sakaat-da-gi-znaete-01.jpg

Меѓутоа, она што не го забележувате е дека продавниците се добро организирани простори кои се наменети да ве натераат да потрошите што е можно повеќе.

Овие трикови ги употребуваат сите продавници за да ве намамат да потрошите повеќе:


1. Преминот до касата со причина е тесен

Голем број на потрошувачи додека чекаат во ред да платат за производите кои ги одбрале, сфаќаат дека некој производ не им треба и посакуваат да го вратат, но едноставно нема доволно место за да го направат тоа, па се откажуваат од идејата.

Токму затоа, преминот до касата секогаш е тесен, па ако се премислите нема да можете да се вратите назад.


2. Прскањето на овошјето и зеленчукот не ги држи свежи

Постојат две причини зошто се прскаат свежите овошје и зеленчук, но ниту една од нив нема врска со одржувањето на свежината на производите. Оваа активност се практикува со цел овошјето и зеленчукот да изгледаат попривлечно и повеќе да тежат на вагата за мерење.

Водата не само што не ги освежува, туку може да направи побргу да скапат.


3. Свежите производи се нечисти

При одбирањето на овошјето и зеленчукот луѓето ги земаат во раце и проверуваат дали се зрели и добри за купување. Рака по рака, производите се далеку од чисти. Тие се полни со бактерии, а неколку капки за „свежина“ не ги прават почисти.


4. Патот до касата е преполн со слатки искушенија

Сите оние шарени списанија, слатки и гуми за џвакање се наоѓаат близу касите, бидејќи тие ги мамат очите на потрошувачите додека чекаат на ред за плаќање и барем еднаш успеваат да ве намамат да купите производ плус.


5. Храната со дефекти ја обновуваат

Производителите мораат да внимаваат на трошоците и не можат да си дозволат фрлање на секој производ кој е со некаков „дефект“. Ако на храната и поминал рокот на траење или има мали неправилности производите често се враќаат само за да се спакуваат одново.


6. Месото и рибата може да бидат погрешно етикетирани

Ова посебно се случува кај рибата. Поскапиот производ се заменува со поевтин производ кој е сличен по изглед, а цената останува иста.


7. Рокот на траење не е веродостоен

Ако се ближи истекувањето на рокот на траење на производите, а тие сè уште изгледаат добро, се заменува со нов рок на траење. Рокот на траење може да се пролонгира и на повеќе од само еден ден.


8. Голем број на производи кои се наоѓаат на каталозите како снижени, всушност не се

Нема потреба од објаснување. Често се случува пред да го подготват каталогот супермаркетите да ги зголемат цените, а потоа нормалната цена да ја направат како снижена цена.


9. Работат иако не поминале на тестовите кои ги направила инспекцијата

Тука само рестораните се оставени на немилост, бидејќи не можат да продолжат со својата работа, но истото не важи и за супермаркетите и продавниците.


10. Полиците се стратешки наместени

Се претпоставува дека луѓето го купуваат она што прво ќе им падне на око, па најскапите производи се наоѓаат напред и во центар, а најевтините производи се наоѓаат на крај и на најгорните полици.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава