Откриено: Зошто кожата на партнерот е толку нежна?

Научниците од Универзитетот во Лондон од неодамна откриле зошто најголемиот дел од луѓето имаат необично чувство на благосостојба кога ќе се доближат до голото тело на својот партнер и чувствуваат дека ниту една друга личност нема така свиленкаста и мека кожа.

otkrieno-zoshto-kozata-na-partnerot-e-tolku-nezna-01.jpg

Нежното чувство кое го чувствувате секој пат кога ќе се прилепите за кожата на дечкото или девојката всушност не е реално, туку илузија која ја креира вашиот мозок за да се засили сексуалното задоволство.

Овој необичен феномен е последица на активностите кои се одвиваат за време на разменувањето на нежности или при сексуалниот однос за да се зголеми чувството на среќа и опуштеност.

Испитаниците кои учествувале во ова истражување тврделе дека кожата на партнерот е „помека и од сопствената“, без разлика на тоа дали е точно.

Психологот Анје Гентш објаснува дека илузијата е најсилна тогаш кога милувањето е во склад со составот на кожата кој е чувствителен на сексуални допири и со самото тоа се засилува сексуалната возбуденост.

Ова значи дека најдобар одговор за тоа каква е кожата можат да дадат само бавните движења и оние кои се типични за паровите кои се во долготрајни врски и кои се поврзани со длабоки емоции.

Би можело да ве интересира:

Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
12 најиритантни работи со кои луѓето ги нервираат другите луѓе (и добиваат тивка осуда) Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „см...

Најчитани неделава