Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нешто повеќе за какаото

nesto-poveke-za-kakaoto-povekjeТопло чоколадо или какао ви се наоѓаат сигурно на менито кога сакате да се напиете нешто вкусно и топло. Какаото е високо концентриран прав направен...

 

...од чоколаден ликер – смеса која се подготвува од зрна на какао, плод на какао дрвото.

Се користи во подготовка на јадења, како составен дел на пијалаци и како состојка за добивање на длабоко интензивен вкус и арома.

nesto-poveke-za-kakaoto

ПЛОДОТ НА КАКАОТО
Плодот на какао има рапава лушпа која е дебела околу 3 см. Таа е исполнета со слатка пулпа која во себе има 30 до 50 зрна какао кои се многу слични по својот изглед со бадемот. Овие зрна се прилично меки и имаат розова или пурпурна боја.

ИСТОРИЈАТ
Овој плод се одгледува повеќе од 3.000 години, а први кои го употребувале биле Маите и Ацтеките. Колумбо го донел какаото во Европа во 1502 година, а шпанските конквистадори биле послужени со чоколадна напивка која отворила за нив нов свет на вкусови.

Од какаото, на почетокот, се подготвувала таканаречена „горчлива вода“, која поради вкусот во Европа почнала да се засладува со шеќер и се нарекувала ксокоати.

Во 1657 година, еден млад Французин отвора продавница во Лондон каде продава чоколадо, а нешто подоцна започнуваат да се појавуваат и продавници во кои се подготвуваат топли напитоци од какао и чоколадо.

Најголеми производители се Брегот на слоновата коска и Гана, со околу 60% од годишното светско производство.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

  • Плодот на какаото расте директно од стеблото и наликува на мала диња;
  • Неговото ботаничко име е „Theobroma“, што во превод значи „храна на Бог“;
  • Путерот од какао многу често се користи при масажа;
  • Маите и Ацтеките го користеле како валута и средство за утврдување на вредност;
  • И најважното – од него се добива чоколадото.

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
14 актери кои не се плашат да се трансформираат до непрепознатливост за улога (фото) Од Вилем Дефо, преку Антонио Бандерас до Деми Мур - некои актери не се плашат да...
Артефакти и градби од Древен Египет кои го покажуваат раскошот на старата цивилизација (фото) Фустан кој издржал 4.500 години, раскошни гробници, уникатен накит – древните Ег...
Како изгледаат продуктите што ги користиме секојдневно пред да се најдат во продавница? Сте виделе ли како изгледаат пластичните шишиња пред да бидат надувани? Сте в...
Фото-докази дека некои мажи непотребно им го отежнуваат животот на жените „Дечко ми ја преполнува машината за садови и не му е јасно зошто садовите се вал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg