Која е разликата: Снаодливи vs. грижливи жени

Постојат повеќе видови на жени и женски карактери, но сите може да се поделат на два типа - грижливи и снаодливи.

najgolemite-razliki-megu-snaodlivite-i-grizlivite-zeni-vo-koj-tip-spagate-01.jpg

Не дека снаодливите не се грижат, туку едноставно знаат како да ги рашират крилјата и да се препуштат. За разлика од нив, грижливите постојано живеат со некоја доза на страв.

Во кој тип спаѓате вие?

Кога мажот ќе погреши, грижливата жена веднаш му вели „гледаш, ти реков.“ Снаодливата жена премолчува, пробува да го расположи, а понекогаш знае и да се направи како ништо важно да не се случило.

Грижливата жена ја презема контролата во секоја кризна ситуација и му диктира на мажот како да ги направи работите. Снаодливата жена само суптилно го насочува, па се повлекува.

Грижливата жена секогаш ги учи децата затоа што верува дека без неа нема да постигнат успех во животот. Снаодливата жена знае дека нејзиното дете е единствено и поинакво и без страв го поттикнува да го прави она што го сака.

Грижливата жена се обидува да биде подобра од сите во работата и никогаш да не направи грешка. Снаодливата жена се труди да создаде средина во која ќе си помага со колегите.

najgolemite-razliki-megu-snaodlivite-i-grizlivite-zeni-vo-koj-tip-spagate-02.jpg

Грижливата жена ги надгледува своите деца дури и кога ќе пораснат, им дава совети дури и кога не ги бараат и им кажува како правилно да ги воспитаат своите деца. Снаодливата жена им дозволува на децата да стекнат сопствени искуства.

Грижливата жена не дозволува другите да и кажуваат што да прави, не сака да зависи од родителите и се буни кога и делат совети. Снаодливата жена слуша кој што има да каже. А, потоа го прави она што таа смета дека е најправилно.

Грижливата жена се обидува да го промени светот и секој човек околу себе. Снаодливата жена се труди да се прилагоди себеси, а другите ги прифаќа онакви какви што се.

Грижливата жена мисли дека можеш да бидеш среќен само ако си во право. Снаодливата жена знае дека си во право само кога си среќен.

Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026? Покрај ваучерот за липосукција, како и скап третман за лице кој чини 25.000 дола...

Најчитани неделава