Свадба од 43 милиони долари - кинеската Ким Кардашијан знае што е луксуз (фото)

Една од најпознатите кинески актерки која е позната како Angelababy стапила во брак со актерот Huang Xiaoming, а за самата церемонија потрошиле неверојатни 43 милиони долари.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-01.jpg

Невестата е уште попозната како кинеската Ким Кардашијан според бројот на луѓе кои ја следат на кинескиот Инстаграм - Weibo како и по екстравагантното однесување. Овојпат екстравагантното однесување беше прикажано и низ нејзината вртоглаво скапа венчавка.

Луксузот на нивната венчавка може да се огледа во сите „мали“ детали.

Самата церемонија се одвивала во центарот Shanghai Exhibition – простор со големина од 18.580m2 каде биле сместени нивните 2.000 најблиски пријатели и роднини.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-2.jpg

Просторот бил декориран во розови и виолетови нијанси кои го трансформираат во романтична бајка како од филмовите. Меѓу деталите кои биле вклучени во изгледот на просторот се големиот ѕид направен од цветови за фотографирање и масивниот холограм од дворец.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-5.jpg

Angelababy служи како модна инспирација за голем број на девојки во Кина, па за својата свадба се одлучила за Dior.

Свадбената торта била на 10 спратови, а само за бурмите потрошиле по 3.000.000 долари.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-4.jpg

До крајот на вечерта таа променила уште два фустани.

Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавио... Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое...
„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во ... „Не се плашев од други луѓе и не чувствував страв од мажот и жената што ме кидна...
8 забавни илустрации - Kолку се разликуваат романтичните филмови од реалноста? Во филмовите, момчето и девојката стојат на дожд и си изјавуваат љубов, а во реа...
Тамара: Влегував во кола и од 9 до 11 пеев во Прилеп, а од 11:30 до 1:30 во Битола и дома со истите ... Во последната епизода на „Што го врти светот“, Тамара Тодевска и Тијана Дап...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...

Најчитани неделава