Тамара: Влегував во кола и од 9 до 11 пеев во Прилеп, а од 11:30 до 1:30 во Битола и дома со истите штиклички
Во последната епизода на „Што го врти светот“, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ зборуваат за развојот на кариерите од Белград и Скопје, но и за важната поддршка од блиските. Сестрите постојано се фалеа за музичките способности и за квалитетот во настапите, но велат дека многу е важен тимот. Според Тијана сопругот и нејзините „крокодили“ како што ги нарекува своите менаџери и соработници исклучително и помагаат во кариерата.

Тамара пак вели дека во почетоците се правела сама:
Јас речиси цел живот сум работела сама. Сум влегувала во кола од 9-11 во Прилеп, од 11:30-1:00 во Битола. А сега имам огромен тим кој стои зад мене, без тој тим ништо не правиме. И успехот на Евровизија беше исклучиво поради добриот тим.
Тамара вели дека за добриот тим е многу важна довербата, односно да се одберат луѓе на кои им верувате. Тијана сепак додава дека важно да бидат „вредни луѓе од доверба“, да не се мрзеливи.
На прашањето како знаеше дека Коста Петров ќе напише добар текст за песна, за да му ја довери евровизиската, Тамара вели: „Мојата интуиција е мојата најголема доблест“.
Таа во оваа насока одговара и на прашањето за тоа како создала толку популарни песни и хитови, вели дека тоа поради добриот вкус за музика и знаењето да одбере песна. Тијана пак, за себе вели дека некогаш и не знае дали песната е хит, и дека доколку би знаела само хитови би снимала.
Ако ми лежи на душата песната, ќе ја снимам па што сака нека е. Јас кога ја слушнав „Земља мојих снова“ ми беше наметната. Ама сепак испадна еден од најголемите хитови. – вели Тијана.
Сестрите во еден час зборуваа отворено за сите теми, од кариерен развој до менопауза, а ваше е да уживате. Ако ви недостига викенд мотивација изгледајте ја целата епизода на линкот подолу:
