4 работи за кои не должите извинување никому

Можеби луѓето често пати ви замеруваат поради некои ваши одлуки. Но, тоа е најчесто затоа што и тие имаат корист од некои ваши постапки.

4-raboti-za-koi-ne-dolzhite-izvinuvanje-nikomu-01.jpg

Не треба ништо да ве спречува, ако нешто сте решени да направите. Секако, потребно е да слушнете друго мислење, но не и безрезервно да го преземате.

Во овие ситуации не треба никому да му се извините:

Кога донесувате одлуки за себе и себеси се ставате на прво место

Дури и најблиските луѓе не ви мислат секогаш најдобро. Многу нормално тие прво ќе размислуваат за себе, а потоа за вас. Токму затоа треба да почнете да носите одлуки кои ќе ви одговараат на вас, а не постојано да се прилагодувате на другите. Ако се налутат поради тоа, едноставно оставете ги да им помине.


Кога ќе се вљубите во погрешниот

Ви се случило пријателите да ви кажат како некој не е добар за вас? Ви кажале ли како заслужувате подобро, но вас едноставно тоа не е ви грижа затоа што вие не се состанувате поради нив, туку за себе. Дури и да се во право, тоа момче ќе ви биде лекција која сте ја научиле и ќе ви послужи за во иднина.


Кога ќе сакате повеќе отколку што имате во моментот

Ова не е во негативен контекст, во ред е да сакате да се надградувате. Важно е да знаете дека ви оди подобро отколку на многу луѓе во светот и навистина треба да се стремите кон подобро. Понекогаш тоа бара голема жртва од вас, но верувајте дека вреди.


Кога одите спротивно на мнозинството

Не мора секогаш да го прифаќате општо прифатеното. Не мора да го потврдите она што другите го очекуваат од вас. Можете да бидете свои и да се разликувате од толпата.

Би можело да ве интересира:

Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава