Плус сајз манекенка ослабела речиси 100 килограми откако требала да купи второ седиште во авион

Рози Меркадо е плус сајз модел од Лос Анџелес која тежела 186 килограми сè додека една ситуација не била пресвртна точка во нејзиниот живот, која ја мотивирала да намали својата тежина.

oslabela-95-kilogrami-otkako-stjuardesa-i-rekla-kje-treba-da-kupite-vtoro-sedishte-01.jpg

35-годишната Меркадо во 2011-та година требала да купи лет од Лас Вегас до Њујорк. Кога се качила во авионот од една од стјуардесите добила коментар: „Госпоѓо, нема да ве собере во едно седиште. Ќе треба да купите билет за уште едно“.

oslabela-95-kilogrami-otkako-stjuardesa-i-rekla-kje-treba-da-kupite-vtoro-sedishte-1.jpg

Овој коментар ја оставил во солзи, но и ја мотивирал да ги остави своите лоши навики во исхраната и да ја намали својата тежина.

oslabela-95-kilogrami-otkako-stjuardesa-i-rekla-kje-treba-da-kupite-vtoro-sedishte-2.jpg

Рози благодарение на убавото лице често била бирана од модните агенции да учествува во фотосесии, но истото не важело и за нејзиното тело – посебно не за големината на нејзините колкови (165cm).

Како што самата вели, авионската ситуација била „јаготка на шлагот“ која ја натерала да го промени својот изглед. Денес, таа тежи 91 килограм, редовно вежба и јаде поздраво.

Потпишала договор со компанијата „True Model Management“  и учествувала во неколку кампањи за „ igigi.com“ и „Ibbi World“.

Би можело да ве интересира:

9 „црвени знаменца“ дека некој воопшто не ви е пријател (дури и ако ви е тешко да поверувате) Суптилните навреди ги маскира како шеги, а кога ќе забележи дека сте успеале во ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
50 луѓе спијат во иста ќелија, со глувци и лебарки: Бруталните услови во островскиот затвор во Њујор... Затворот Rikers Island е лоциран на остров во Њујорк, а условите се толку лоши, ...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
Страдала од депресија, син ѝ ја убил во самоодбрана: Трагичната судбина на актерката Сузан Кабот Последните години од животот, Сузан Кабот ги поминала во изолација, живеејќи со ...
Импресивни и уникатни работи што може да ги видите во земјите ширум светот (фото) Смешна реконструкција на скелет на изумрено животно, граница меѓу две држави кој...

Најчитани неделава