10 јапонски навики кои се неразбирливи за остатокот од светот: Сосема е нормално некој да ви заспие на рамо

Секоја нација има свои навики кои претставуваат своевиден белег за луѓето и на тој начин ги издвојуваат од другите. Понекогаш тие навики се толку чудни што на моменти ни изгледаат сосема бесмислени и несфатливи.

10-japonski-naviki-koi-se-nerazbirlivi-za-ostatokot-od-svetot-01.jpg

Јапонците се едни од народите кои изобилуваат со навики кои на остатокот од светот му изгледаат чудни и, на моменти, дури и смешни.

Ова се 10 навики кои европејците ги сметаат за апсолутно неразбирливи:

1. Бројот 4 се смета за несреќен бидејќи зборот за истиот е многу сличен на зборот смрт.

2. Јадењето додека се движите се смета за крајно невкусно.

3. Постои лице кое е задолжено да ги турне патниците во преполниот воз при најголемата гужва со цел да спречи некој да биде смачкан од вратите.

10-japonski-naviki-koi-se-nerazbirlivi-za-ostatokot-od-svetot-02.jpg

4. Од вас се очекува да ги соблечете чевлите пред да влезете во ресторан, нечиј дом, музеј или храм.

5. Таканаречените хотелски капсули се пристојно место за престој на бизнисмените кои ја посетуваат Јапонија на неколку дена.

10-japonski-naviki-koi-se-nerazbirlivi-za-ostatokot-od-svetot-03.jpg

6. Сосема е нормално некој да заспие потпирајќи се на вашето рамо додека се враќате дома после долгиот работен ден.

7. Оставањето бакшиш е нешто кое никогаш нема да го видите во Јапонија. Наместо тоа од вас се очекува да оставите некој мал подарок.

8. Доколку престојувате во нечија куќа, се очекува да донесете подарок за домаќинот.

9. Никогаш не дополнувајте пијалак во сопствената чаша. Тоа треба да го направи некој друг за вас.

10. Во јапонските училишта нема хигиеничари. Наместо тоа децата во одреден дел од денот ги чистат своите училници како би се научиле да одржуваат хигиена.

М.С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...

Најчитани неделава