7 знаци дека сте зависни од телефонот

Колкав дел од вашето скапоцено време го поминувате заедно со вашиот мобилен телефон? Дали тој е првото нешто по кое посегнувате кога ќе станете рано наутро?

znaci-deka-ste-zavisni-od-telefonot-01.jpg

Во колку од следниве работи може да се пронајдете?

1. Доколку се разбудите во текот на ноќта, телефонот е првото нешто по кое посегнувате                                                          

Можеби е само за да проверите колку е часот, но веројатноста се зголемува и дека ќе почнете да проверувате што се случува по социјалните мрежи и да го користите во следните 10 минути. Тоа не е добро за вашите очи, а нема ни да ви помогне повторно да заспиете.


2. Секогаш кога сте сами телефонот е залепен за вашите раце

Тоа е некој вид на одбрамбен механизам, бидејќи повеќе би сакале да се преправате дека работите на него отколку да бидете видени сами.


3. Вашето срце почнува да се крши додека ви снемува батерија

Не поради некоја посебна причина, туку нема да можете да го правите тоа што беше наведено под број 2, без да мислите дека без причина ја трошите батеријата.


4. Никогаш немате доволно меморија

Без разлика дали вашиот телефон е полн со фотографии, музика, апликации или пораки вие никогаш немате доволно меморија.  


5. Си замислувате ситуација во која повеќе би сакале да го изгубите паричникот отколку мобилниот телефон

Можеби тоа е затоа што е полесно да се заменат кредитните картички отколку вашиот нов скап телефон - или можеби затоа што сте зависни од него.


6. Денот не може да ви почне без да ги проверите СИТЕ социјални мрежи

Обично само што сте ги отвориле очите, пред да напаравите било што, го земате телефонот и разгледувате.


7. Паничите доколку не можете да го видите телефонот

Веднаш си правите сценарија во главата како сте го изгубиле, ви го украле телефонот, а вие само сте го оставиле на полнач во другата соба.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се прец...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт? Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и најмоќните династии во САД, но и...

Најчитани неделава