Бизарни нарушувања на сонот

Спиењето е нешто што сите го прават - претежно секој ден и за повеќето луѓе тоа е едно од најголемите задоволства во животот.

bizarni-narusuvanja-na-sonot-01.jpg

Но, за жал, за многу луѓе со спиење доаѓаат проблеми од кои некои можат да бидат крајно сериозни.

Ова е листа на најчудните нарушувања на спиењето:

Ноќни стравови

Се работи за пореметување на спиењето, односно парасомнија, која се карактеризира со екстремни стравови и привремена неможност за враќање на целосна свест. Луѓето кои страдаат од парасомнија обично се будат со врескање, задишеност, плачење. Тие ретко се сеќаваат на овие епизоди. Ноќните стравови се разликуваат од кошмарите во неколку клучни работи. Прво, човекот не е целосно буден дури и кога се прават напори да се разбуди, тој / таа може да продолжи да доживува ноќни стравови и понатаму од десет до дваесет минути. Често пати тоа е крајно опасно бидејќи може да предизвика повреди.


Бруксизам

Бруксизам е пореметување кое се карактеризира со крцкање на вилицата за време на спиењето. Се работи за едно од најчестите нарушувања на сонот. Ова нарушување може да предизвика сериозни оштетувања на забите, може да доведе до фацијална болка и главоболка.


Синдром на немирни нозе

Ова е состојба која се карактеризира со неодолива потреба за движење на телото за да се запрат непријатни или чудни сензации. Најчесто ги напаѓа нозете, но исто така може да биде во рацете и торзото. Поместување на погодените делови од телото обезбедува привремено олеснување.


24-часовен синдром на спиење - будење

Оваа чудно (и многу ретко) нарушување се карактеризира со неможноста на телото да го препознае циклусот на спиењето. Како резултат на тоа, телото нема да си дозволи да спие реглуарно. Доколку не се лекува, овој синдром може да го промени циклусот на спиењето. Ова нарушување е многу често кај слепите луѓе.


Ноќна апнеја

Ноќна апнеја се карактеризира со паузи во дишењето за време на спиењето. Поединци кои страдаат од ова нарушување ретко се свесни дека имаат тешкотии при дишењето по будењето. Симптомите можат да бидат присутни со години и децении. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...
Илустрации кои покажуваат колку се променија модните трендови (некои биле лудост, други се вратија) Се сеќавате на времето кога сите имавме исти веѓи, сплескани, испеглани коси, но...
Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...

Најчитани неделава