5 најчудни состојки во кремите

Денес, кремите за лице се неизоставен дел од било која козметичка линија,  и се користат за повеќе намени - од отстранување на брчките, до ублажување...

 

... на процесот на стареење.

Нивните формули се доста сложени, а процесот на изработка се држи во тајност. Сепак, состојките се најчесто јасно истакнати на етикетите. Ако само фрлите еден поглед на нивниот состав, би можеле да бидете прилично изненадени од сознанието.

Мајчино млеко? Пилешки коски? Тоа се само некои од состојките кои можат да ве изненадат кај кремите.

5. Плацента - производите од плацента беа доста популарни во САД во текот на `40тите, и се тврдеше дека ги 5-najcudni-sostojki-vo-kremiteотстрануваат брчките и го поттикнуваат обновувањето на кожата. Со тоа, секако, не се сложи Центарот за храна и лекови, и згора на тоа, производите ги прогласи за нефункционални, а тврдењата - за илегални.

Наскоро потоа, за плацентата почна да се тврди дека е солиден извор на протеини. Ова е вистина, но ништо не укажа на тоа дека овие протеини се подобри за кожата отколку другите.

Плацентата која денес се користи во кремите за лице е пречистена и неколку пати преработена, за да може да биде сигурна за употреба. Како таква, денес е популарна состојка на многу козметички производи.

4. Повраќаница од кит - очигледно на многумина им се подига желудникот од оваа информација, но, повраќаницата на китот, инаку позната под името ambergris, е присутна во многу креми за лице.

Станува збор за запалива состојка, налик на восок, која е високоценета и се користи со векови. До неа тешко се стигнува, па е прилично скапа. Цените варираат, и еден грам чини околу 7 евра.

3. Птичји измет - еден козметички салон во Њујорк нуди третман кој е познат под името ˝Geisha Facial˝, а е развиен од третманите кои ги користеле јапонските гејши пред неколку векови. Станува збор за една посебна маска за лице која чини 120тина евра, а целиот процес трае околу еден час.

Лицето на корисниците нежно се покрива со една смеса која содржи многу интересна состојка - птичји измет. ˝ Uguisu no fun˝, или изметот во прав, е основната состојка на овој древен третман за лице. Киселината која се наоѓа во изметот наводно прави чуда за вашата кожа - што, со оглед на беспрекорната, порцеланска кожа на гејшите, едноставно го елиминира неверувањето.

2. Кравји измет - Јапонските истражувачи откриле начин да создадат мирис на ванила од кравјиот измет. И додека екстрактот не смее да се користи во прехрамбената индустрија, одличен е за козметика - за парфеми, сапуни и шампони.

Станува збор за изум кој ветува - тука зборуваме за процес на рециклирање, кој чини многу помалку од издвојувањето на ванилиниот екстракт од ванилиното зрно. Моментално истражувачите работат на усовршување на процесот, а се надеваат дека ќе биде подготвен за комерцијална употреба до 2010 година.

1. Сперма - неколку компании веќе произведуваат креми за лице со оваа необична состојка. Имено, спермата содржи многу силен антиоксиданс кој се нарекува спермин. Некои истражувања укажуваат дека има пет пати полековити својства од витаминот Е.

Тоа значи дека спермата може да се користи за многу работи, од хидратација на кожата до лечење на изгореници од сонце. Скандинавската компанија Skinscience веќе произведува цела линија на козметички производи од сперма. И не само тоа, туку во некои фризерски салони,  спермата од бик се користи за косата да добие посебен сјај.

Една друга компанија, Cmen Beauty Now, доставува човечка сперма во посебни пакувања. Тврдат дека нивните резерви месечно се обновуваат, за да се задржи нивото на сигурност и квалитет.

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Девојка преку свои искрени фотки покажува зошто не верува во Инстаграм совршенството Фалтичките на стомакот и грбот, задникот кој не е совршено затегнат... Девојка о...
Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...
„Изгледав кич и носев евтини материјали, денес сум префинета дама - како успеав?“ „Пораснав без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганци...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg