Преспиј ја Новогодишната ноќ

prespijte-ja-novogodisnata-nok-povekjeНишто ново околу Нова година. Ќе ја имате истата пијана насмевка, ќе ги јадете истите сендвичи и голтате истото шампањско. На ТВ екраните истата...

 

...програма, а детето од комшии ќе ги фрла истите петарди.

На 1-ви јанури повторно ќе се прашувате зошто славите Нова година. Затоа – на спиење!

Зошто?

1. Ќе биде иста како и старата година. Еднакво подобра и еднакво полоша. Зошто толку галама, огномети, одбројување на секундите?

2. Не морате да носите никакви одлуки. Во екот на забавата се чувствувате подготвени да го промените светот и околните планети, да го исчистите снегот пред маалскиот драгстор каде секојдневно се лизгате и паѓате и конечно да се откажете од цигарите.

Но, да, ќе дојде кобниот 3-ти јануари и ќе сфатите дека ништо не се променило па зошто би се менувале вие?

prespijte-ja-novogodisnata-nok

3. Зачувајте се од ТВ радијацијата. Зарем не ви е доволно 365 дена секојдневни вести, серии, новости, драми?

ТВ- програмата би требало да доаѓа со предупредување дека е опасна за конзумирање во новогодишната ноќ бидејќи тогаш зрачи со посебно театрални глупости, во главно снимки од пред 1 недела каде одбројуваат, се радуваат и глупираат.

4. Одложете ја цирозата на црниот дроб. Спиењето ќе ве спаси од нејасните навики да го промените бројот на календарот со неколку литри алкохол.

Ако веќе морате да пиете направете го тоа на пример на 4-ти јануари. Зошто? Нуди гарантирано подобар провод.

5. Ќе имате повеќе пари следниот ден. На место парите плеснати за 5-6 часа викање, пиење, урлање и потоа комирање за наредните 5 дена, ако си преспиете ќе се разбудите далеку побогати и поспосбни. Подобро не може.

6. Среќна нова и честитаме – станавте татко/мајка! Да, да, да во оваа ноќ се зачнати многу деца. Затоа, зачувајте си го либидото за себе и својот кревет.

7. Ќе бидете поубави на 1-ви јануари. Очекувате новата година да ви даде успех, среќа, остварени желби, а првото што вие и го сервирате е вашата згужвана, и отечена фаца. Не е фер. Отспијте здрави 8 часа и докажете дека новата година не мора да започне така грдо.

8. Ќе дојде и без да ја чекате. Поштарот можеби ѕвони два пати, но календарските промени доаѓаат без да чукнат. Зошто ви се светликави тоалети, сакоа, чевли кои никогаш нема да ги облечете повторно?

9. Опуштете се, другите се забавуваат и во ваше име. Место да се мачите, да тропите пари и да губите време, знаете дека сите кои ќе се сетат на вас ќе ви се јават и ќе ви пратат порака па ќе ви ја доловат целата атмосфера.

10. Ќе дојде пак. Ако сметате дека минатата година не сте направиле важни работи – не се секирајте, имате нови 365 дена!

Би можело да ве интересира:

10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Трипати ја измамив смртта – преживеав труење со гас, цунами и несреќа со сурфање, не знам како сум ... Сула од Англија, која денес живее на Ибица, во детството речиси го загубила живо...
Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg