Подобрете си ја меморијата: Како најлесно да памтите имиња?

Колку пати досега ви се случило да се запознаете со некоја личност и кратко потоа воопшто да не можете да се сетите на името? Ако сакате да ја избегнете оваа непријатна ситуација, потребно е да совладате еден едноставен трик со кој полесно ќе памтите имиња.

podobrete-si-ja-memorijata-kako-najlesno-da-pamtite-iminja-01.jpg

Поголемиот дел од нас често ги забораваат имињата на личностите кои штотуку ги запознале, а со нив најчесто може да имате и следен контакт кој веројатно ќе ви биде прилично непријатен,

За среќа, постои едноставна и лесна техника за памтење на имиња.

Матијас Рибинг трипати досега бил светски првак во памтење и е еден од 122-та кои ја имаат титулата „Grand Master of Memory“.

Токму овој голем ум решил да го сподели наједноставниот начин на памтење на имиња. Според него, најважно е да го истренирате вашиот мозок да размислува во слики.

„Кога и пружате рака на личноста со која се запознавате, откако ќе го изговори своето име обидете се да го поврзете името со некоја слика која ве асоцира на тоа име“ – вели тој.

На тој начин кога втор пат ќе ја погледнете личноста, мозокот рефлексно ќе ги поврзе личноста, сликата и името.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Тамара: Влегував во кола и од 9 до 11 пеев во Прилеп, а од 11:30 до 1:30 во Битола и дома со истите ... Во последната епизода на „Што го врти светот“, Тамара Тодевска и Тијана Дап...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...

Најчитани неделава