Листа на работи без кои дочекот на Новата Година не е целосен

Ве потсетуваме на оние мали работи кои во цела еуфорија можеби ќе ги заборавите, а тие можат да ви помогнат да имате волшебна ноќ кога ја прегрнувате годината која тропа на портите...

nekolku-neshta-za-magichen-dochek-na-novata-01.jpg

Балоните, речиси во секоја прилика даваат празничен, еуфоричен шмек на приказната која сакате да ја раскажете. И, да тие не се само за деца. Доколку организирате сопствена забава за дочекот на Новата, снабдете доволна количина на балони. Оставете ги на подот или наполнете ги со хелуим и поставете ги во снопчиња.


Огномет

Најголемите светски метрополи имаат спектакуларни огномети за дочекот. Дозволете си огномет и вие. Ако прославувате во куќа, во вила надвор од градот, приредете дочек со небо во сите бои.Упатете се во специјализирана продавница за продажба на пиротехнички средства и уживајте во глетката.


Прскалици

Одлични се доколку прославувате во кафуле или некој ресторан со поопуштен амбиент. Светлата загаснати, околу вас најдрагите, вие во прегратка на вашиот сакан и сите одбројувате до новото, подоброто, додека горат стотина прскалици... Зар има нешто поромантично?


Конфети

Моментот кога ќе се испукаат конфети е еуфоричен... Можеби повеќе од тоа кога на сред жежок ден ќе почувствувате дожд на својата кожа. Не смеете да си дозволите празничните забави во ваша организација да поминат без конфети. Ве советуваме да одберете покрупни конфети за да можете полесно да ги исчистите откако гостите ќе си заминат.

nekolku-neshta-za-magichen-dochek-na-novata-1.jpg

Шампањ

Без разлика каде прославувате, шампањот е незаменлива состојка во рецептот за идеална празнична вечер. За се ново во животот, по некое непишано правило се наздравува со шампањ.... За забавата во домашен амбиент, набавете повеќе количина, доколку прославувате во ресторан почастете се со саканите по една чаша и наздравете за Новата.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
12 ретро-фотки од мајки и баби, кои изгледаат како да се излезени од модно списание Дали во старите семејни албуми некогаш сте ги виделе фотографиите од своите мајк...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...
Дечко од Хрватска, кој издава сместување, се пожали дека гостите преку Booking му оставиле хаос - Во... „Гостинот платил? Да, платил! Што уште сакате – и да чисти? Јас кога јадам во ре...

Најчитани неделава